ДИК ГЛУМИ НОРМАЛНОСТ ВО ХАОТИЧНА СИТУАЦИЈА, ТВРДАТ ВРАБОТЕНИТЕ

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:556:"“Ниенезнаемедалиработимезаизбори,илинашатастручностсесведуванатуркањеѕидсоглаваподдирективанамнозинствотоначленовитенаДИКсамозадасепочитувароковникот“,тврдатвработенивостручнитеслужбикоинесеовластенидадаваатизјавивојавноста,пазатоаинсистираатнаанонимност";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИК ГЛУМИ НОРМАЛНОСТ ВО ХАОТИЧНА СИТУАЦИЈА, ТВРДАТ ВРАБОТЕНИТЕ

    Во Државната изборна комисија веќе станува мачно да се доаѓа на работа, бидејќи во моментов оваа институција не ја врши функцијата дадена со Уставот и законите, тврдат вработени во стручните служби во ДИК за САКАМДАКАЖАМ.МК.

     “Ние работиме во ненормална атмосфера. Тоа што не присуствуваат претставниците на СДСМ Виолета Дума и Игор Милев во работата на Комисијата е една работа, но сосема друго е што атмосферата за работа на администрацијата е многу тешка. Ние не знаеме дали работиме за избори, или нашата стручност се сведува на туркање ѕид со глава под директива на мнозинството на членовите на ДИК. Работиме само за Роковникот. Членови на Комисијата работат по директива на партиите и истото, со повишен тон го бараат и од нас“, тврдат вработените во стручните служби кои не се овластени да даваат изјави во јавноста, па затоа инсистираат на анонимност.
    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК на што се однесуваат притисоците, соговорниците велат дека често се бара од нив да мижат за воочени неправилности, а сите укажувањата на незаконитости и неправилности во операцијата на чистење на Избирачкиот список, како и при внесувањето на податоците од проверките, се разбрани како штетни и неоправдани.
    Иако и лидерот на ДУИ Али Ахмети, и целата јавност ги повикува претседателот на ДИК Александар Чичаковски и Комисијата да се изјаснат за барањата на опозицијата, за наводно промашената операција за чистење на Избирачкиот список, сепак тоа не се случува.
    “ДИК мора да се произнесе околу оправданоста на барањата на опозицијата, а тоа би требало да го коментираат и меѓународните претставници. Во земјата владее хаотична ситуација, управата не функционира, владее општо исчекување,“ укажа пред неколку дена лидерот на ДУИ Ахмети.
    До 19 мај Државната изборна комисија треба да го заклучи Избирачкиот список. Шестчлената коалиција го изгласа Извештајот од спроведените теренски и административни проверки на Избирачкиот список, кој е многу нејасен. Од над 300.000 сомнителни гласачи во Избирачкиот список, ќе се бришат само починатите лица. Но дури и за нив не е јасно дали станува збор само за1.600 мртви, или околу три илјади.

    На 26 април Државната изборна комисија (ДИК) го усвои збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки и покрај тоа што пред тоа членовите добиле извештај од меѓународниот експерт Џон Арон од ИФЕС (Меѓународна фондација за изборни системи) дека нема доволно време до 5 јуни за прочистување на Избирачкиот список.

    Според документот до кој дошла ТВ АлсатМ, а до сега никој не го негираше, од 87.000 сомнителни имиња кои биле предмет на теренска проверка, потребни се дополнителни контроли за околу 40.000 случаи, бидејќи граѓаните не биле дома во моментот на контролата и за нив одговорило друго лице. Извештајот бил подготвен од меѓународниот експерт од ИФЕС.

    Според тој извештај, од тие лица кои биле пронајдени дома, само 34.000 покажале валидна лична карта или пасош, што покажува дека не можат да се обезбедат валидни информации за околу 12.000 имиња што се појавуваат на Избирачкиот список.

    И покрај препораките на експертот на ИФЕС, мнозинството членови на комисијата сметаат дека избирачкиот список е круна на целата досегашна работа на комсијата, и дека со него се гарантираат веродостојни и кредибилни избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари