ДВАЈЦА ТУРИСТИ ОД АВСТРАЛИЈА И СИНГАПУР ВО КАРАНТИН ВО ХОТЕЛСКА СОБА ВО СКОПЈЕ, СЕ ИСПИТУВААТ ЗА КОРОНАВИРУС, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    ДВАЈЦА ТУРИСТИ ОД АВСТРАЛИЈА И СИНГАПУР ВО КАРАНТИН ВО ХОТЕЛСКА СОБА ВО СКОПЈЕ, СЕ ИСПИТУВААТ ЗА КОРОНАВИРУС, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕПолицијајци го обезбедуваа хотелот во центарот на Скопје додека медицинската екипа на Брзата помош беше внатре. (Фото: К. Попов)

    Тестови од двајца странски државјани кои на 28 февруари дошле во земјава, едниот од Австралија, другиот од Сингапур во моментов се тестираат на Инфективната клиника во Скопје, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

    Тој кажа дека од хотел во Скопје, каде што се сместени туристите, ги информирале здравствените власти дека веќе три дена имаат симптоми слични на настинка.

    Тие дошле со авион на „Визер“ од Келн во Скопје. Во моментов, вели Филипче, со нив разговараат епидемиолози за тоа какви контакти имале изминативе денови, а тие двајца ќе останат во карантин во хотелската соба. Резултатите од тестовите ќе бидат познати за три до четири часа.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира