ЌЕ ДАДАМ СÈ ОД СЕБЕ ДА ГИ БРАНАМ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ, РЕЧЕ НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА

    ЌЕ ДАДАМ СÈ ОД СЕБЕ ДА ГИ БРАНАМ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ, РЕЧЕ НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВАИма ли поголема победа од тоа да бидам прва жена претседател?, рече Сиљановска-Давкова. (Фото: СДК.МК)

    Среќна сум што сум избрана за прва жена претседател на оваа мала држава и ќе дадам сè од себе да ги бранам националните интереси, кажа Гордана Сиљановска-Давкова која според досегашните резултати е во убедлива предност во вториот круг во трката за претседател на државата.

    Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) од 80,37% преброени гласови, Сиљановска-Давкова освои 439.614 гласови или 64,83% , а Пендаровски освои 198.288 или 29,24%.

    Сиљановска-Давкова која беше кандидат на ВМРО-ДМПНЕ кажа дека граѓаните на денешните избори покажале отпорност на притисоците и рече дека бојкотот кој го имало денес е политички притисок.

    „Има ли поголема победа од тоа да бидам прва жена претседател? Ќе се опкружам со силни жени околу мене. Не се согласувам дека гласовите сум ги добила со набој на национализам, а тоа ќе го докажам што во мојот кабинет ќе вклучам и Албанци, Турци и други националности“, рече Сиљановска-Давкова.

    Рече дека не знае дали противкандидатот Пендаровски ѝ честитал победа, бидејќи си го заборавила мобилниот телефон дома. Прашана за доделување на мандатот за идна Влада рече дека ќе го добие онаа партија која освоила најмногу гласови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира