ФИЛМ СО МИК ЏЕГЕР ЌЕ ГО ЗАТВОРИ ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    ФИЛМ СО МИК ЏЕГЕР ЌЕ ГО ЗАТВОРИ ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛЏегер глуми уметнички колекционер кој на млад брачен пар (Клас Банг и Елизабет Дебицки) им предлага да го посетат студиото на познатиот уметник Џером Дибни (Доналд Садерленд), со намера да му украде едно од неговите дела (Фото: Инстаграм)

    Филм со рокерот Мик Џегер ќе го затвори 76. издание на Венецискиот филмски фестивал во септември, објави фестивалот.

    Премиерата на филмот „Темнопортокалова ерес“ во режија на Италијанецот Џузепе Капотонди, во кој игра и ветеранот Доналд Садерленд, ќе биде на 7 септември.

    Сцена од филмот „Темнопортокалова ерес“ (Фото: „Холивуд рипортер“)

    Адаптацијата на книгата на американскиот писател Чарлс Вилфорд беше снимена пред операцијата на Џегер во април. Седумдесет и шестгодишниот фронтмен на „Ролинг стоунс“ глуми богат уметнички колекционер, Џозеф Кесиди, кој на млад брачен пар им предлага да го посетат студиото на познатиот уметник Џером Дибни (Садерленд), со намера да му украде едно од неговите дела.

    Во филмот играат и данскиот актер Клас Банг и австралиската глумица Елизабет Дебицки.
    По операцијата на срцето во април, Џегер по два месеца повторно скокаше и танцуваше на сцена, откако „Ролинг стоунс“ ја почна својата одложена северноамериканска турнеја.

    Венецискиот филмски фестивал ќе почне на 28 август, со премиерата на „Вистината“ на јапоснкиот режисер Хироказу Коре-Еда.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари