КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ НА 10 ДЕКЕМВРИ ВО ДРАМСКИ

    КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ НА 10 ДЕКЕМВРИ ВО ДРАМСКИТелото на Стефановски беше кремирано денес, а по негова желба пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро (Фото: Од личната архива на Стефановски)

    Македонскиот драмски писател Горан Стефановски, кој почина 27 ноември на 66 години, утринава беше кремиран во Кентербери, Англија, а по негова желба пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро.

    Драмски театар ја најави комеморацијата во негова чест за 10 декември во 12 часот.

    Стефановски е автор на легендарните, популарни и на над 20 јазици преведени драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Неговата соработка со режисерот Слободан Унковски, од 1980-те па со децении натаму, создаде претстави кои беа во врвот на театарската уметност во регионот.

    Роден во Битола на 27 април 1952, во театарско семејство, дипломец е на англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет во Скопје, а магистрирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1986 беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1979, а од 2004 е и МАНУ. Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира