ЅВЕЗДЕНА КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН

    ЅВЕЗДЕНА КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАНФестивалот отвора со мјузиклот „Анет“ на Леос Каракс, со Адам Драјвер и Марион Коријар. (Фото: АП)

    Канскиот филмски фестивал ја објави селекцијата за престојното 74. издание закажано во физичка форма од 6-17 јули, а во конкуренцијата за престижната Златна палма се едни од најголемите современи режисерски имиња. Новите филмови на канската Кроазета ќе ги претстават Пол Верховен, Нани Морети, Вес Андерсон, Бруно Думон, Апичатпонг Верасетакул, Надав Лапид, Франсоа Озон, Асгар Фархади, Жак Одијар, Илдико Енједи, Миа Хансен-Лове, Кирил Серебреников, меѓу вкупно 23 филма во трката за Златната палма.

    Фестивалот отвора со мјузиклот „Анет“ на Леос Каракс, со Адам Драјвер и Марион Коријар.

    Во паралелната програма Извесен поглед има тројца дебитанти, а единствениот филм на фестивалот од југоисточна Европа е бугарскиот „И жените плачат“ на Мира Милева и Весела Казакова. Во новата програма Кански премиери ќе игра и режисерското деби на актерката Шарлот Гејнзбург.

    Годинава во Кан доаѓа и холивудската актерка и режисерка Џоди Фостер која ќе добие Златна палма за животно дело.

    Главното жири за Златната палма го предводи американскиот автор Спајк Ли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира