13-ГОДИШНИОТ ОХРИЃАНЕЦ МАРКО ПЕЈЧИНОВСКИ ГО ПОЧНА ПЛИВАЧКИОТ УЛТРАМАРАТОН НА 64 КМ ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

    13-ГОДИШНИОТ ОХРИЃАНЕЦ МАРКО ПЕЈЧИНОВСКИ ГО ПОЧНА ПЛИВАЧКИОТ УЛТРАМАРАТОН НА 64 КМ ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИПејчиновски, кој лани на 28 август со некроза на ногата ја преплива патеката од Свети Наум до Охрид, ќе плива 24 часа и се очекува на целта на Градското пристаниште во Охрид да пристигне утревечер; - Околу 19 часот вечерва тој помина кај Горица пливајќи кон Св. Наум. (Фото: СДК.МК)

    13-годишниот охриѓанец Марко Пејчиновски вечерва го почна пливачкиот ултрамаратон на 64 километри на рутата Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид. Марко плива за хуманитарната цел, за поддршка на лицата со ретки болести на 28 Август. Околу 19 часот вечерва тој помина кај Горица пливајќи кон Св. Наум.

    Пејчиноски, кој лани на 28 август со некроза на ногата ја преплива патеката од Свети Наум до Охрид, ќе плива 24 часа и се очекува на целта на Градското пристаниште во Охрид да пристигне утревечер. На пристаништето исто така е поставен и пулт каде се продаваат маички а приходто ќе оди за поддршка на лицата со ретки болести.

    Марко има некроза на еден дел на коската на ногата како резултат на пореметување на крвотокот во тој дел од ногата. Тоа доведува и до проблеми со моториката. Тој во пливањето повеќе ги користи рацете отколку нозете и знае како да го синхронизира тоа.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира