АМСМ ЌЕ ОЦЕНУВА КОЛКУ СЕ БЕЗБЕДНИ ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ ОКОЛУ УЧИЛИШТАТА

    АМСМ ЌЕ ОЦЕНУВА КОЛКУ СЕ БЕЗБЕДНИ ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ ОКОЛУ УЧИЛИШТАТАВо рамките на кампањата „Безбедни училишни зони“ денеска учениците од основното училиште „Димитар Миладинов“ во соработка со сообраќајната полиција учеа да минувучаат низ пешачките зони кои се во радиусот на нивното училиштето. (Фото: АМСМ)

    Авто-мото сојузот на Македонија ќе испитува колку се безбедни улиците и пешачките премини околу училиштата во Скопје. Со анализата ќе се прави проценка колку ѕвезди имаат улиците, од кои една ѕвезда е зона со најголем ризик за пешаците, а зоната со пет ѕвезди е зона кој ги исполнува сите критериуми за безбедност во сообраќајот.

    „По анализата и обработувањето на податоците, АМСМ ќе достави официјален извештај и барање до надлежните институции за санирање на недостатоците кои ќе бидат увидени, за зголемување на зоните до четири или пет ѕвезди. Сето тоа ќе придонесе кон исполнување на глобалните цели на Обединетите нации за безбедноста на патиштата, со кои до 2020 година се очекува да се намалат за половина смртните случаи и сериозните повреди на патиштата“, велат од Авто-мото сојузот на Македонија.

    Во рамките на кампањата „Безбедни училишни зони“ денеска учениците од основното училиште „Димитар Миладинов“ во соработка со сообраќајната полиција учеа да минуваат низ пешачките зони кои се во радиусот на нивното училиштето.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари