АМСТЕРДАМ НАЈАВИ ПАУЗИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ЗОНАТА НА ЦРВЕНИТЕ ФЕНЕРИ

    АМСТЕРДАМ НАЈАВИ ПАУЗИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ЗОНАТА НА ЦРВЕНИТЕ ФЕНЕРИOмбудсманот на градот предупреди дека популарната областа се претвора во „нелегална џунгла“ навечер и оти полицијатa е немоќна да интервенира против криминалот и насилството (Фото: АФП)

    Амстердам воведува нови мерки за да ги намали мешаниците на туристите во популарната област Зона на црвените фенери, вклучувајќи ги задолжителните чистења на улиците и следењето на бројката на посетители, објави Градскиот совет.

    Оваа одлука следи неколку дена откако омбудсманот на градот предупреди дека популарната област се претвора во „нелегална џунгла“ навечер и оти полицијата  е немоќна да интервенира против криминалот и насилството.

    „Покрај постоечките мерки, Амстердам сега ќе преземе дополнителни мерки за да го намали притисокот врз центарот на градот и да го подобри пристапот до ‘ Вален”, стои во изјавата на Советот.

    „Вален“ е централниот дел на  Зоната на црвените фенери, каде се наоѓаат познатите црвени прозорци каде стојат проститутките.

    „На улиците има многу ѓубре. Затоа, за одредени улици се воведуваат паузи за чистење. Делови од ‘Вален’ потоа ќе бидат затворени за јавноста, со цел темелно да се исчистат улиците од отпадот и повраќаниците“, стои во соопштението.

    Амстердам исто така ќе ја следи бројката на посетители, и во зависност од бројката, ќе има аларми со зелена, портокалова и црвена боја.

    Ако се објави црвениот аларм,  ќе бидат ангажирани „домаќините“, кои се специјално вработени работници да ги насочат гостите во објекти кои се попразни, а ако биде потребно, и ќе се затворат улиците.

    Во текот на минатата година, градот се обиде да преземе големи чекори за да се справии со непослушните посетители, воведувајќи строги парични казни за кршење на законите за јавен ред и мир.

    Полицајците сега имаат мобилни апарати со кои веднаш можат да им наплатат на оние кои ќе го прекршат законот. За пиење алколохол на јавно место казната е 95 евра, а за уринирање во јавност и фрлање ѓубре се плаќа казна по 140 евра.

    „Пристапот до познатите канали на градот, исто така, внимателно се следи”, додадоа од Градот. Секоја година околу 18 милиони туристи доаѓаат во Амстердам, што е ​​повеќе од целото население во Холандија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира