БОЖИЌ НЕ Е ОТКАЖАН, АМА СЕДЕТЕ ДОМА, ОБЈАВИ ДЕДО МРАЗ ОД НЕГОВОТО СЕДИШТЕ ВО ФИНСКА

    БОЖИЌ НЕ Е ОТКАЖАН, АМА СЕДЕТЕ ДОМА, ОБЈАВИ ДЕДО МРАЗ ОД НЕГОВОТО СЕДИШТЕ ВО ФИНСКА„Смислата на зимските празници е да се поминуваат со радост во семејството. Затоа, останете дома, каде што сте најбезбедни“, рече Дедо Мраз.(Фото: СДК.МК)

    Дедо Мраз од Финска испрати порака полна со оптимизам и надеж до сите деца во светот, ветувајќи им дека Божиќ нема да биде откажан, иако годинава пандемијата на ковид-19 предизвика безброј непријатности во семејствата.

    Финскиот парк на арктичкиот круг собира илјадници деца годишно, а поштата на Дедо Мраз во близина на Рованиеми добива писма од цел свет напишани од деца кои си ги кажуваат желбите за Божиќ и Нова година.

    Најголемата желба на финскиот Дедо Мраз е сите да останат безбедни оваа година.

    „Смислата на зимските празници е да се поминуваат со радост во семејството. Затоа, останете дома, каде што сте најбезбедни“, рече Дедо Мраз.

    Финска спроведува многу строги рестрикции за патувања, иако има релативно пониска стапка на инфекции во однос на другите делови на Европа. Тоа значи дека повеќето странци не можат да влезат во земјата. Туристичките компании во регионот веќе почнаа да им даваат откази на вработените и се жалат дека ако Владата не ги олабави мерките, оваа година нема да се види ништо од зимските празници.

    „Што се однесува до мене, оваа година Божиќ е откажан“, вели Хари Малинен која го води хотелскиот комплекс во Рованиеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира