ДИПЛОМАТСКИ ПРЕЧЕК ВО СТОЈАКОВО ЗА АВТОМОБИЛИСТИТЕ НА СТАРОТО „РЕНО 4“ КОИ СЕ ВРАТИЈА ОД МОНТЕ КАРЛО

    ДИПЛОМАТСКИ ПРЕЧЕК ВО СТОЈАКОВО ЗА АВТОМОБИЛИСТИТЕ НА СТАРОТО „РЕНО 4“ КОИ СЕ ВРАТИЈА ОД МОНТЕ КАРЛОНикола Димитров и дипломатски преставници не ја пропуштија можноста да се фотографираат со реното кое пред две недели тргна од Стојаково па преку Белград, Загреб, Љублана, Милано стаса до Ница. (Фото: В. Трајков за СДК.МК)

    Министерот за надворешни Никола Димитров заедно со амбасадорите на Србија и Словенија во земјава, Душанка Дивјак Томиќ и Милан Јазбец, но и преставници од амбасадите на Хрватска, Црна Гора, Италија и Франција ги пречекаа Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов  во Стојаково, кои со реставрирано „рено 4“ старо 40 години, возеа до Франција и назад за да бидат дел од саемот на олдтајмери во Монте Карло.

    Дипломатите не само што им го честитаа подвигот на двајцата стојачани туку влегоа и во возилото за да се потсетат како било своевремено да се вози ваков автомобил.

    Министерот Никола Димитров заедно со амбасадорите на Србија и Словенија во земјава, Душанка Дивјак Томиќ и Милан Јазбец, но и преставници од амбасадите на Хрватска, Црна Гора,Италија и Франција ги пречекаа Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов во Стојаково. (Фото: В. Трајков за СДК.МК)

    Цело Стојаково излезе сред село за да ги пречека двајцата авантуристи кои станаа хит и атракција по сите држави од Македонија до Франција

    „Дознав преку САКАМДАКАЖАМ.МК коj објави текстови за нивниот потфат и јавно им честитав бидејки ме изненадија. Ми направија мерак оти секој сон започнува со првиот чекор, си имале идеја, направиле и ја завршиле работата. И тука има поука за сите нас дека ако имаме сон и визија треба да го направиме првиот чекор“, рече Димитров додавајќи дека Стојаково покажало што е реализација на една желба.

    Високите дипломатски преставници не ја пропуштија можноста да се фотографираат со реното кое пред две недели тргна од Стојаково па преку Белград, Загреб, Љублана, Милано стаса до Ница, Франција а преку Словенија и Jадранската магистрала и Црна Гора се врати во Македонија.

    „Во тоа време ‘рено 4‘ се произведуваше во Словенија и мило ми е што овие момци поминаа низ сите држави од поранешна Југославија и пренесоа силна порака дека секој сон се остварува и затоа сме овде преставници од дипломатскиот кор да ги поздравиме овие момци кои потсетија на едни стари времиња кога ‘рено 4‘ беше привилегија да се вози“ рече Милан Јазбец амбасадорот на Словенија во земјава од името на сите преставници на амбасадите во земјава.

    Џоко Шуклев и Ѓорги Николов  во Стојаково беа пречекани како херои, со музика и песна. Цело Стојаково излезе сред село за да ги пречека двајцата авантуристи кои станаа хит и атракција по сите држави од Македонија до Франција. И стари и млади излегоа да ја види двојката која успеа со „рено 4“ да помине неколку држави и да го престават своето возило  на саем на олдтајмери во Монте Карло. Централната селска улица со полиција беше ослободена за нивното доаѓање а и за возилото специјално обележан ВИП паркинг кое издржа околу 5 илјади километри патешествие.

    Цело Стојаково излезе сред село за да ги пречека двајцата авантуристи кои станаа хит и атракција по сите држави од Македонија до Франција. (Фото: СДК.МК)

    Двајцата автомобилисти не можеа да веруваат на сопствените очи дека цело Стојаково е на нозе за нивен пречек

    „По социјалните мрежи сфативме дека имаме подршка и баш ни е мило што успеавме да ја промовираме Македонија и нашето Стојаково. Што да ви кажам за патувањето. Возевме 5 000 километри без клима. Сакавме да почустувавме како им било на нашите родители и дедовци кога патувале по цела Југославија и пошироко со „рено 4“ и преку лето на високи температури. Беше забавно, сите свиреа по нас а речиси цел пат кога возевме пеевме“, рече Џоко Шуклев кој по вокација е правник но љубовта кон возилата и механичарската работа ја имал уште од мали нозе.

    Ми направија мерак оти секој сон започнува со првиот чекор, си имале идеја, направиле и ја завршиле работата. И тука има поука за сите нас дека ако имаме сон и визија треба да го направиме првиот чекор“, рече Димитров додавајќи дека Стојаково покажало што е реализација на една желба.-Димитров и Шуклев на пречекот во Стојаково. (Фото: СДК.МК)

    „Бевме сензација и атракција насекаде. По улици, населени места, на гранични премини, паркинзи погледите беа свртени кон нас. Се чудеа на храброста и подвигот како сме се нафатиле да го реставрираме овој модел на ‘рено‘ и да го возиме од Македонија до Франција. Во Монако кога добивме вип паркинг не само покрај обезбедувањето на казиното мораше да интервенира и полицијата оти се собра многу народ околу нас да не фотографира“, раскажува Ѓорги Николов кој е  професионален возач.

    Шуклев и Николов реното го реставрирале два месеци а им помагал и мајстор Владе кој бил задолжен за механичките работи. Тој беше најсреќен меѓу стојачани оти него го посочуваа како главниот виновник што на едно старо возило му дадоа живот.

    „Реното  речиси беше крш, запуштено, но набавивме оригинални делови и го направивме да издржи и долги патувања.Напорно работевме и дење и ноќе но со љубов. Шуклев и Николов беа задолжени за лимените и лакерските работи а ми помагаа како да ги стегнеме сите елементи од механичарскиот дел за да биде способно. Се тргна како на шала и сега сум горд“, рече мајстор Владе кој деноноќно работел со Шуклев и Николов на реното и потрошиле околу 4 илјади евра за реставрацијата.

    Шуклев и Николов воодушевени од пречекот ги поздравија стојачани со песна. (Фото: СДК.МК)

    За крај двајцата  авантуристи пред насобраната толпа во Стојаково во знак на благодарност за подршката во изминатите две недели отпеаја песна од Владо Јаневски, но на стојачки начин „Стојаково е често досадно место, но штом ни знего ке пројдеш ти, блеснува сонце и како од сон се будат стојачките фраери“.

    Шуклев и Николов на саемот на олдтајмери добиле пофалби и побарале од нив и следната година да бидат дел но со стари модели на пежо или ситроен. Тандемот или како што ги викат во Стојаково ТуЏоко напролет планираат тура до Владивосток, Русија со некој руски модел на возило.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира