ФИЛМСКИОТ ГРАД ВО БИТОЛА НЕ ЈА ДОЧЕКА МЕРИЛ СТРИП

    ФИЛМСКИОТ ГРАД ВО БИТОЛА НЕ ЈА ДОЧЕКА МЕРИЛ СТРИПСтанува збор за таканаречениот филмски град во битолската касарна каде беше подигната импровизирана стара чаршија со 28 монтажни објекти (Фото: СДК.МК)

    На раскопана парцела денес наликува Филмскиот град каде некогаш се снимаа турски серии во Битола. Филмаџиите снимаа пред четири години, а потоа беше ставено обезбедување за да ја заштитува импровизираната чаршија, за на крај постепено да си ги соберат реквизитите и да заминат. Некогашниот Филмски град, со кој локалната власт се фалеше дека е почеток на проектот „Битола-Филмленд“, денес не постои.

    Импровизираната чаршија подигната во филмскиот град од турските филмаџии за снимањето на турската серија „За Балканот 1912“ (Фото: СДК.МК)

     

    Од Општина Битола веќе два месеца чекаме одговор дали парцелата каде што беше  филмскиот град е пренаменета за комерцијални цели и продадена, но одговор не добивме.

    Станува збор за таканаречениот филмски град во битолската касарна каде беше подигната импровизирана стара чаршија со 28 монтажни објекти. Се користеа за снимањето на турската серија „За Балканот 1912“ во режија на Сердар Акар, кој исто така ја режираше и популарната турска серија „Долина на волците“. Иако се најавуваше дека ќе се снимаат повеќе епизоди, филмаџиите без да дадат објаснување си заминаа во ноември, 2012.

    Останати врати и прозорци од филмскиот град (Фото: СДК.МК)

    Во 2013, неколку дена пред локалните избори во март, битолскиот градоначалник Владимир Талески го посети Филмскиот град и најави дека „на повеќе локации е предвидено едно вакво филмско гратче кое ќе се шири во тој дел на касарната“.

    Во 2013, неколку дена пред локалните избори во март, битолскиот градоначалник Владимир Талески го посети Филмскиот град и најави дека „на повеќе локации е предвидено едно вакво филмско гратче кое ќе се шири во тој дел на касарната“ (Фото: СДК.МК)

    Се уште не се гради ни на маркиците предвидени за филмски студија  во битолската касарна.  Тоа се парцели кои им се нудат на филмаџии за да ги купат и да направат филмски студија, а за тоа да добијат попусти. Талески еднаш најави дека во битолската касарна имаат маркица од четири хектари и над 50 хектари слободен простор ако на инвестоторот му е потребен поголем простор.

    Пред три години во Битола беше најавено дека холивудски филмаџии ќе го откупат тој дел од касарната. Во посета на градот тогаш дојде продуцентот Перси фон Лепински, добитник на Оскар за документарен филм, и најави дека холивудска компанија ќе изгради  филмско студио и ќе снима игран филм со светски позната филмска ѕвезда, како Мерил Стрип. Битолчани уште ги чекаат и студијата и Мерил Стрип.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира