УКРАДЕНА ДРВЕНА СКУЛПТУРА НА ПЕНИС ВО БАВАРИЈА, ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО БАРА КРАДЕЦОТ

    УКРАДЕНА ДРВЕНА СКУЛПТУРА НА ПЕНИС ВО БАВАРИЈА, ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО БАРА КРАДЕЦОТНе е познато кој ја направил скулптурата, ни како таа била искачена на планината Гринтен (Фото: Алами)

    Германската полиција покрена истрага за исчезнувањето на дрвена скулптура во облик на пенис, која беше поставена на планина во Баварија. Два метра високата скулптура наводно била исечена изминатиот викенд, објавија локалните медиуми.

    Статуата со години стоеше на планината Гринтен, југозападно од Минхен и од неа сега е останат само трупец. Не е познато кој е автор на скулптурата, која беше обележје на 1.738 метри високиот Гринтен и привлекуваше голем број планинари. Таа дури и на Гугл мапс беше означена како „културен споменик“.

    Никој не знае и како 200 килограми тешката скулптура била искачена на врвот на Гринтен. Според една теорија, таа била роденденски подарок, што група млади луѓе на шега ја направила за еден нивни пријател. Откако подарокот не бил прифатен, тие ја однеле на санка до врвот.

    „Не знаеме дали ова е криминален прекршок или не“, изјави портпаролот на локалната полиција, додавајќи дека тешко може да се утврди кој е оштетена страна, затоа што скулптурата нема ни сопственик.

     

     

     

     

     

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира