ГОТВАЧИ ОД БАЛКАНОТ НАПРАВИЈА 14 ИЛЈАДИ ПАЛАЧИНКИ И ГО СРУШИЈА СВЕТСКИОТ РЕКОРД

    ГОТВАЧИ ОД БАЛКАНОТ НАПРАВИЈА 14 ИЛЈАДИ ПАЛАЧИНКИ И ГО СРУШИЈА СВЕТСКИОТ РЕКОРД140 готвачи од БиХ, Србија, Македонија, Црна Гора и од Словенија ги направија палачинките за осум часа (Фото: Ројтерс)

    Тим од балкански готвачи го сруши светскиот рекорд за правење на палачинки. Готвачите од Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора и од Словенија на Туристичкиот саем во Сараево направија 14, 186 палачинки за осум часа.

    Постоечкиот официјален рекорд од 12, 716 палачинки беше постигнат лани во Москва.

    Палачинките ќе биде поделени на ранливите групи граѓани (Фото: Ројтерс)

    Сто и четириест готвачи ги направија палачинките со 300 литри масло за јадење, 600 килограми брашно и 400 литри млеко во импровизраната кујна на отворено, додека ги оценуваше жири од 15 судии.

    Голем дел од палачинките беа послужени на посетителите, а организаторите, кои треба да почекаат официјална потврда од Гинисовата книга на рекорди, рекоа дека останатиот дел од палачинките ќе биде поделен на ранливите групи граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира