ИЗМИНАТИВЕ 10 ГОДИНИ НЕ БЕШЕ БЕЗБЕДНО ДА СЕ ПОЈАВАМ КАКО ТИТО НА ПРОСЛАВИТЕ, КАЖА ВОЈЧЕ КИТАНОВСКИ ПРЕД ВЛАДАТА

    ИЗМИНАТИВЕ 10 ГОДИНИ НЕ БЕШЕ БЕЗБЕДНО ДА СЕ ПОЈАВАМ КАКО ТИТО НА ПРОСЛАВИТЕ, КАЖА ВОЈЧЕ КИТАНОВСКИ ПРЕД ВЛАДАТАХумористот Војче Китановски ги пречекуваше граѓаните на прославата на Денот на независноста облечен како Тито. (Фото: А. Антевска)

    Во дворот на Владата синоќа се прославуваше Денот на независноста 8 Септември, а меѓу граѓаните на платото кај споменикот на ослободителите на Скопје го затекнавме и Војче Китановски. Познатиот хуморист не беше тешко да се забележи, бидејќи ги пречекуваше граѓаните облечен како Тито.

    „Македонци, дојде Тито да ви го честита празникот 8 Септември“, им велеше Китановски на граѓаните кои влегуваа во дворот на Владата и голем број од нив застануваа и се сликаа со него, а тој ги поздравуваше како маршалот.

    Голем број од гостите на прославата застануваа и се сликаа со Војче Китановски, а тој ги поздравуваше како маршалот.

    „Тито е мој идол. Ова е прва прослава на Денот на независноста на која што се појавувам како Тито. Изминативе 10 години не беше безбедно да се појавам на прославите. Лани бев во Јајце на одбележувањето на 73-годишнината од АВНОЈ, каде што сме признати како држава. Во јуни ќе одам на одбележување на 75-годишнината од битката на Неретва да оддадам почит како на Тито, така и на загинатите”, ни изјави Китановски.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари