ЈА УБИЛ ЖЕНА СИ И ПОЧИНАЛ ОД СРЦЕВ УДАР ЗАКОПУВАЈЌИ ЈА ВО ДВОРОТ

    ЈА УБИЛ ЖЕНА СИ И ПОЧИНАЛ ОД СРЦЕВ УДАР ЗАКОПУВАЈЌИ ЈА ВО ДВОРОТПолицијата во руралната област на Трентон, Јужна Каролина, каде што живеела двојката. (Фото: Ен-Пи-Ар)

    Истражителите во Јужна Каролина, САД открија необично убиство, во кое маж за кого се верува дека ја убил жена си починал од срцев удар додека се обидувал да ја закопа во дворот. Полицијата и болничарите велат дека првично биле повикани во куќата во градот Трентон поради тоа што бил најден онесвестен маж во неговиот двор.

    Кога пристигнале на местото на настанот, го пронашле безживотното тело на Џозеф Мекинон (60), но во близина било и телото на Патриша Рут Дент (65), завиткано во кеси за отпадоци и положено во свежо ископа јама.

    Обдукцијата покажа дека Мекинон претрпел срцев удар, а Дент била задавена. Двојката живеела заедно во рурална област на Трентон.

    Полицијата смета дека Мекинон ја нападнал Дент додека биле внатре во домот. Потоа ја врзал и ја завиткал во кеси за отпадоци и ја ставил во јамата што ја ископал, а додека ја покривал со земја доживел срцев удар и починал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира