КЛИК ЗА МОЛИТВА СО ПАПАТА – ВАТИКАН ОБЈАВИ НОВА АПЛИКАЦИЈА

    КЛИК ЗА МОЛИТВА СО ПАПАТА – ВАТИКАН ОБЈАВИ НОВА АПЛИКАЦИЈАПапата ја презентираше најновата дигитална платформа на Ватикан, позната како Светска мрежа за молитва со Папата за време на традиционалното обраќање плоштадот Свети Петар

    Папата Фрањо со таблет ја промовираше новата апликација, преку која верниците ќе можат да се молат со него во исто време.

    Папата ја презентираше најновата дигитална платформа на Ватикан, позната како Светска мрежа за молитва со Папата (Worldwide Network of Prayer with the Pope) за време на традиционалното неделно обраќање на плоштадот Свети Петар.

    Новата апликација „Клик за молитва“ (Click to Pray) ќе го информира корисникот за тоа што за што се моли поглаварот на 1.3 милијарди католици низ светот, како на пример за мир во светот или за погодено население од природна катастрофа, и да може да му се придружи.

    Папата Фрањо, кој во една прилика има изјавено дека не се разбира многу во технологија, се сврте кон свештеникот кој му го држеше таблеот и го праша: „Дали успеав“, по што тој потврдно климна со главата.

    Ватикан објави дека со апликацијата, верникот ќе „го придружува папата во неговата мисија за сочувство за светот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира