МАКЕДОНСКАТА СТАРТ-АП КОМПАНИЈА „ОНЕ СТОП ШОП“ ПОБЕДИ НА БИЗНИС ФОРУМ ВО ЛОНДОН

    МАКЕДОНСКАТА СТАРТ-АП КОМПАНИЈА „ОНЕ СТОП ШОП“ ПОБЕДИ НА БИЗНИС ФОРУМ ВО ЛОНДОН„Оне стоп шоп“ на Емилија Долинска победи во конкуренција на над 1.100 старт-ап компании од светот, откако претходно влезе меѓу најдобрите 10. (Фото: Принтскрин од видео)

    Македонска старт-ап компанија „Оне стоп шоп“ (One Stop Shop) од Скопје победи на годинашниот бизнис форум, што организиран од меѓународната организација „Глобал вуман“ (Global Woman) и лондонскиот магазин „Старт-ап тудеј“ (Start-up Today), се одржа во Лондон на 30-31 јануари. „Оне стоп шоп“ победи во конкуренција на над 1.100 старт-ап компании од светот, откако претходно влезе меѓу најдобрите 10.

    Форумот се одржа онлајн на 30-31 јануари. (Фото: Принтскрин од сајтот)

    „Во неделата се одржа финалната онлајн презентација, пред еминентни иницијални инвеститори од светот, на која нашата ‘Оне стоп шоп’, претставувана од сопственичката Емилија Долинска, освои убедливо најмногу поени од жирито. Ова е прв пат една македонска, и воопшто балканска компанија, да победи во изборот на оваа реномирана меѓународна бизнис асоцијација“, велат од компанијата.

    „Оне стоп шоп“ е основана кон средината на 2020, работи во сферата на интернет продажбата и има околу 30 вработени, а од компанијата велат дека развојната стратегија има за цел проширување и на регионалниот пазар во неколку околни земји.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира