МОСКВА ГИ РЕКОНСТРУИРА КИНАТА ИЗГРАДЕНИ ВО СОВЕТСКАТА ЕРА

    МОСКВА ГИ РЕКОНСТРУИРА КИНАТА ИЗГРАДЕНИ ВО СОВЕТСКАТА ЕРАРеконструкцијата е дел од големата програма за развој на градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во која е вклучена и мултимилионската реконструкција на парк (Фото: АФП)

    Москва почна голема реконструкција на градските кина изградени за време на Советскиот сојуз. Со имиња како „Марс“ и „Дијамант“, кината изградени во 1960-тите и 1970-тите години во големите градски населби за време на бумот на советскиот филм беа популарни и по распаѓањето на СССР, бидејќи нудеа поевтини билети за разлика од конкурентските во големите трговски центри. Сега, речиси 40 кина се дел од широкиот план за менување на изгледот на рускиот главен град, и се трансформираат во модерни стаклени комплекси.

    Одговорните лица велат дека проектот ќе ги осветли тмурните населби и ќе донесе живот во хибернацијата на локалното население, во градот со 11,5 милиони жители.

    Реконструкцијата е дел од големата програма за развој на градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, во која е вклучена и мултимилионска реконтрукција на парк.

    Кината ќе ги задржат старите имиња, кои биле земени од градови и реки во Советскиот сојуз, планети, планини и скапоцени камења (Фото: АФП )

    Компанијата за недвижности „Еј-Ди-Џи груп“ откупи 38 кина изградени во советската ера од Владата и планира да ги трансформира во како што ги нарекува, „центри за соседството“. Основачот на компанијата, Григориј Печерски, вели дека повеќето од кината биле во екстремно лоша состојба кога ги купиле во 2014 година.

    „Речиси половина од нив биле затворени во 1990-те години“, изјави тој за АФП.

    Московската инфраструктура во населените области е лимитирана, вели тој, и жителите се принудени да патуваат во огромниот центар на градот заради шопинг и забава.

    Компанијата ја најми британската архитектонска фирма на Аманда Левет, што работела на лондонскиот музеј „Викторија и Алберт“ и на Современиот арт центар МААТ во Лисабон, за да го направат дизајнот за новите кина.

    Кината се изградени во бруталистичка архитектура, а главниот архитект на проектот Алексеј Белјаков вели дека ќе бидат реконструирани во сличен стил, за да формираат препознатлива мрежа во населбите. Кината ќе ги задржат старите имиња, кои биле земени од градови и реки во Советскиот сојуз, планети, планини и скапоцени камења.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари