НАЈГОЛЕМИОТ АВИОН НА СВЕТОТ УСПЕШНО ГО ИЗВЕДЕ ПРВИОТ ПРОБЕН ЛЕТ

    НАЈГОЛЕМИОТ АВИОН НА СВЕТОТ УСПЕШНО ГО ИЗВЕДЕ ПРВИОТ ПРОБЕН ЛЕТ„Стратолаунч“ има распон на крила од 117 метри и во иднина треба да биде основа за лансирање сателити

    Најголемиот авион на светот според распонот на крила го имаше својот прв лет над пустината Мохаве во Калифорнија.

    Наречен „стратолаунч“, според компанијата што го произведе, тој има распон на крила од 117 метри, колку што е должината на фудбалски терен во САД. Тоа нема да биде патнички авион, туку ако проектот биде успешен, тој во иднина треба да служи како поевтина основа за лансирање ракети и комерцијални сателити во вселената. Авионот би се кревал до височина од десет километри, по што би се вршело лансирање.

    „Искуството беше фантастично и во голем дел, авионот леташе како што беше предвидено“, изјави пилотот Еван Томас.

    Направен од делови од „боинг“ и придвижуван од шест мотори, авионот успеа да се крене до височина од 4.500 метри и да постигне максимална брзина од 274 километри на час.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари