НАУЧНИЦИ НА ПАТ ДА ДОКАЖАТ ДЕКА СО ЛЕК ПРОТИВ ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ ПОБЕЛУВАЊЕТО НА КОСАТА

    НАУЧНИЦИ НА ПАТ ДА ДОКАЖАТ ДЕКА СО ЛЕК ПРОТИВ ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ ПОБЕЛУВАЊЕТО НА КОСАТАИако е природен процес врзан со стареење и гени, и стресот има улога во побелувањето на косата. (Фото: Гети)

    Научници од САД и од Бразил велат дека можеби откриле зошто од стресот побелуваат влакната на косата, и можноста тоа да се спречи без да мора да се бојадисуваат.

    Експериментите на глувци откриле дека матичните клетки кои ја контролираат кожата и бојата на косата се оштетуваат после силен стрес. Во случајно открите, увиделе дека глушец со темна боја на крзно станал целосно бел за неколку недели.

    Научниците велат дека овие резултати се вредни за да се продолжи со истражувањето и да се дојде до лек кој ќе спречува да се губи бојата на косата со стареењето. Иако е природен процес врзан со стареење и гени, и стресот има улога во побелувањето. Но, научниците не се сигурни како е тоа врзано.

    „Со сигурност знаеме дека стресот е одговорен за оваа специфична појава“, велат научниците од Универзитетите во Сао Паоло и Харвард.

    Болката кај глувците предизвикала ослободување на адреналин и кортизол, со што нивните срца побрзо чукале и крвниот притисок се качил, што влијае на нервниот систем и предизвикува акутен стрес. Овој процес потоа го забрзал намалувањето на матичните клетки кои произведуваат меланин во фоликулите на косата.

    „Очекував дека стресот е лош за телото. Но. штетното влијание на стресот што го откривме беше над она што го замислував. По само неколку дена, сите матични клетки што регенерираат пигменти беа изгубени. Кога тие ќе исчезнат, веќе не може да се регенерира пигментот“, вели професорот Ја-Сиех Хсу.

    Во друг експеримент, научниците откриле дека може да ги сопрат промените со тоа што на глушецот му дале лек за намалување на крвниот притисок. Со споредување на гените од глушецот кој се мачел со вториот глушец, тие го идентификувале протеинот кој предизвикува оштетување на матичните клетки од стрес.

    Кога овој протеин, сајклин-дипендент киниз (cyclin-dependent kinase) (CDK) бил потиснат, третманот исто така спречил да се промени бојата на нивното крзно.

    Ова откритие им дава можност на научниците да помогнат да се спречи побелувањето на влакната со тоа што со лек ќе се влијае на протеинот.

    „Нашето откритие добиено од глувци, е само почеток на долго патување за пронаоѓање на лек за луѓето“, изјавија научниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира