ОД АРХИТЕКТОНСКА ВУЛГАРНОСТ ДО ИКОНА – ПИРАМИДАТА ПРЕД ЛУВР ПОЛНИ 30 ГОДИНИ

    ОД АРХИТЕКТОНСКА ВУЛГАРНОСТ ДО ИКОНА – ПИРАМИДАТА ПРЕД ЛУВР ПОЛНИ 30 ГОДИНИЏеј-Ар, еден од најпознтатите светски улични уметници, ќе направи огромен колаж со помош на 400 волонтери, за да го прослави 30. роденден (Фото: АФП)

    Во минатотo беше опишувана како архитектонска „вулгарност“, но стаклената пирамида пред Лувр, која утре полни 30 години, стана ценет симбол на францускиот главен град.
    Еден реномиран писател го повикал народот да излезе на улиците, кога министерот за култура во времето на францускиот претседател Франсоа Митеран, за првпат ги објави плановите за проектот на кинеско-американскиот архитект Јео Минг Пеи, кое денес важи за ремек-дело.

    Пирамидата била завршена во 1989 (Фото: АФП )

    Поставувањето на модернистичка пирамида во центарот на ренесансната палата беше оценето како сквернавење, а едно сатирично списание го нарече гробница и дека Митеран сака да биде „првиот фараон во француската историја“. Тогашниот директор на Лувр, Андре Шано си поднесе оставка во 1983, во знак на протест за „архитектонските ризици од проектот на Пеи“.

    Проектот на Пеи е изработен според предвидувањата дека Лувр годишно има 2 милиони посетители. Музејот лани го посетиле 10 милиони туристи (Фото: АФП)

    Пеи, кој следниот месец ќе полни 102 години, се сеќава дека добивал „многу лути погледи низ улиците“, со оглед на тоа дека 90 отсто од жителите на Париз, првично беа против проектот. Подоцна дури и постојниот критичар на модернистичките идеи, британскиот принц Чарлс го опиша како „прекрасно дело“.

    Во следните неколку денови, Џеј-Ар, еден од најпознатите светски улични уметници, ќе направи огромен колаж со помош на 400 волонтери, за да го прослави 30. роденден, со откривање на, како што вели, „Тајната на Големата пирамида“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари