МИСЛЕВ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ПЕАМ, ВЕЛИ ИЗРАЕЛСКАТА ЕВРОВИЗИСКА ПЕЈАЧКА ЈУВАЛ РАФАЕЛ КОЈА ГО ПРЕЖИВЕА НАПАДОТ НА ХАМАС НА ФЕСТИВАЛОТ НОВА

    МИСЛЕВ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ПЕАМ, ВЕЛИ ИЗРАЕЛСКАТА ЕВРОВИЗИСКА ПЕЈАЧКА ЈУВАЛ РАФАЕЛ КОЈА ГО ПРЕЖИВЕА НАПАДОТ НА ХАМАС НА ФЕСТИВАЛОТ НОВАПејачката Јувал Рафаел едвај преживеа по фестивалот Нова во Израел во 2023, бегајќи од вооружен напад (Фото: ЕПА)

    Пејачката од Израел Јувал Рафаел не ни сонувала дека ќе пее на Евровизија, што почнува вечерва во Базел, Швајцарија. Последниот голем музички настан на кој учествуваше беше фестивалот Нова, во Израел, каде што за малку не беше убиена. На 7 октомври во 2023, пејачката избега од фестивалот кога вооружени лица на Хамас почнаа да пукаат. Сега таа се подготвува да излезе на сцената на најголемиот светски музички настан.

    „Тоа е нешто со кое се справувам секој ден. Го чувствувам настапот како лична победа, важно ми е ова искуство и да ја претставувам мојата земја, и тоа го правам со гордост“, рече Рафаел.

    Фестивалот Нова во 2023 беше нејзиниот прв настап на отворено. Кога беа истрелани ракетит од Газа кон Израел, а вооружените лица на Хамас почнаа да пукаат кон учесниците на фестивалот, таа се обиде да побегне од масакрот. Пејачката и нејзините пријатели се сокрија во засолниште за бетонски бомби покрај патот. Околу 50 луѓе беа натрупани, лежејќи еден врз друг.

    Но, немаше спас бидејќи вооружените напаѓачи постојано пукаа во масата тела во засолништето, а потоа фрлаа рачни гранати.

    Рафаел успеала да му се јави на татка си плачејќи, како што се слуша на снимката пуштена во израелски документарец.

    „Тато, многу луѓе се мртви. Испрати полиција овде. Те молам тато, прати полиција, итно е“, вели таа на снимката. „Молчи и преправај се дека си мртва“, ѝ рекол татко ѝ.

    Рафаел беше една од само 11-те луѓе во засолништето што преживеаја по осум часа криење.  Тој ден, околу 1.200 луѓе беа убиени од вооружени лица предводени од Хамас, а 251 беа земени како заложници.

    Вечерва во Базел, Швајцарија, почнува Изборот за песна на Евровизија. Вечерва е првото полуфинале, на 15 второто полуфинале, а на 17 мај е финалето. Македонија не учествува трета година по ред.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира