ПАЃАЊЕТО Е ЗАБАВНО, ВЕЛАТ СЛЕПИТЕ ЛИЦА КОИ ЕДНА НЕДЕЛА УЧЕА ДА ЛИЗГААТ СО ПРОЕКТОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА

    ПАЃАЊЕТО Е ЗАБАВНО, ВЕЛАТ СЛЕПИТЕ ЛИЦА КОИ ЕДНА НЕДЕЛА УЧЕА ДА ЛИЗГААТ СО ПРОЕКТОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈАЛица со оштетен вид или кои воопшто не гледаат од Македонија, Косово, Турција и Романија преку теоретски и практичен ден се запознаа со вештините на лизгањето. (Фото: К. Попов)

    Лица со оштетен вид една недела учеа да лизгаат на мраз на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“. 40 лица со оштетен вид или кои воопшто не гледаат, од Македонија, Косово, Турција и Романија преку теоретски и практичен дел се запознаа со вештините на лизгањето. При лизгањето им помогаа студенти од Факултетот за физичка култура и Филозофскиот факултет.

    „Многу ретко паѓам, но може и да се случи и тоа, па не е интересно ако не паднеш“, вели Бера Салифовска, една од учесниците во проектот. (Фото: К. Попов)

    „Сум лизгала досега, но малку сум заборавила бидејќи неколку години не сум била на лизгалиште. Многу ретко паѓам, но може да се случи и тоа, па не е интересно ако не паднеш. Овој проект е значаен за нас бидејќи имаме можност да правиме нешто што сите го прават, да се дружиме со наши врсници од други земји, а воодено вежбаме и ја подобруваме рамнотежната“, вели Бера Салифовска, која е една од учесниците во овој проект.

    Проектот „Инклузивно лизгање на мраз за сите” го спроведува организацијата „Мрежа за доживотно учење“ заради социјална инклузија на младите лица со попреченост.

    При лизгањето им помогаа студенти од Факултетот за физичка култура и Филозофскиот факултет. (Фото: К. Попов)

    „Теоретскиот дел од активностите се спроведува во Државен училишен центар за образование и рехабилитација ‘Партенија Зографски’, па потоа дојдовме на лизгалиште. За некои деца ова е прв пат да лизгаат, па кај нив постоеш и одреден страв. Но, оние кои веќе биле на лизгалиште ги охрабрија дека паѓањето не е воопшто страшно, туку напротив тоа е и забавно.  После неколку часа сите се опуштија и сега не сакаат да ги напуштат лизгалиштето“, вели Сретен Коцевски, претседател на „Мрежа за доживотно учење“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира