ПОБЕДНИЦИТЕ НА ЕВРОВИЗИЈА ЌЕ БИДАТ ТЕСТИРАНИ ЗА ДРОГА ПО ВРАЌАЊЕТО ВО ИТАЛИЈА

    ПОБЕДНИЦИТЕ НА ЕВРОВИЗИЈА ЌЕ БИДАТ ТЕСТИРАНИ ЗА ДРОГА ПО ВРАЌАЊЕТО ВО ИТАЛИЈАНа прес-конференцијата после шоуто, Давид (десно) строго негираше дека се дрогира. (Фото: ПA)

    Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопшти дека пејачот Дамиано Давид од италијанската рок група „Манескин“ која синоќа победи на Евровизија, доброволно ќе направи тест за дрога по враќањето во Италија. На еден кадар од синоќешниот ТВ-пренос, гледачите забележаа дека се чини оти Давид шмрка кокаин од масата, иако никаде не се гледа кокаинот. На кадарот се гледа како Давид се наведнува на масата, а за тоа тој вели дека се наведнал оти еден од членовите на бендот скршил чаша крај неговите нозе.

    На прес-конференцијата после шоуто, Давид строго негираше дека се дрогира.

    „Томас скрши чаша. Јас не користам дроги“, рече тој.

    Бендот и на Инстаграм објави дека се против користење дроги и оти никогаш не земале кокаин.

    „Подготвени сме да бидеме тестирани. Ништо не криеме“, напишаа тие.

    ЕБУ преку соопштение пренесе дека се свесни за шпекулациите кои се појавија по видеоклипот, и дека уште синоќа побарале од победниците да бидат тестирани, но тоа не можело технички веднаш да се организира.

    „ЕБУ може да потврди дека има парчиња од скршено стакло под масата. Ние и понатаму внимателно ја прегледуваме снимката и ќе излеземе со нови информации“, велат тие.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира