ПОРАНЕШНИ НАЦИСТИЧКИ ОБЈЕКТИ НИЗ ГЕРМАНИЈА СЕ ПРЕТВОРААТ ВО ЛУКСУЗНИ ИМОТИ

    ПОРАНЕШНИ НАЦИСТИЧКИ ОБЈЕКТИ НИЗ ГЕРМАНИЈА СЕ ПРЕТВОРААТ ВО ЛУКСУЗНИ ИМОТИ„Палатата на Софија“ во Хамбург своевремено била седиште на нацистичките воени офицери, а сега содржи луксузни станови (Фото: ДПА)

    Таму каде што нацистичките воени офицери се собирале за време на Втората светска војна, високата класа на Хамбург сега може да купи луксузен стан во комплекс кој содржи и јога студио, теретана и четири сауни.

    Со еден метар високите столбови и двата огромни орла на покривот, зградата крената во 1936 година отскокнува од околните дизајнерски куќи и големи вили. Таа е една од неколкуте згради низ Германија кои имаат поврзаност со нацистичкиот режим, а се пренаменети во луксузни имоти. Оваа зграда сега се вика „Палатата на Софија“ и меморијална плакета која стои пред влезот потсетува на нејзината мрачна историја.

    „Колосот на Риген“, 2,5 километри долгата серија бетонски блокови, постепено се претвора во хотели и апартмани за одмор (Фото: ДПА)

    По Втората светска војна, во зградата со децении бил сместен воен комесаријат кој одлучувал дали младите Германци се способни за воена служба, а во 2006 година федералната влада ја продала на приватната компанија „Франконија Еуробау“, која добила дозвола да уништи и обнови некои делови од структурата. Тие денес се заменети со современа архитектура.

    „Купувачите не ги засега минатото на зградата“, вели шефот на „Франконија Еуробау“, Уве Шмиц.

    Комплексот сега има 105 луксузни станови, од кои, според Шмиц, само осум уште не се продадени.

    И бившиот нацистички бункер во Минхен сега е луксузно здание (Фото: ДПА)

    Околу 200 километри североисточно од „Палатата на Софија“, на островот Риген во Балтичкото Море се наоѓа областа Прора, каде што нацистите го изградиле таканаречениот „Колос на Риген“, 2,5 километри долгата серија од пет бетонски блокови. Кренати меѓу 1936 и 1939 година, тие денес се наоѓаат под заштита, но приватни инвеститори постепено ги купуваат и ги претвораат во хотели и апартмани за одмор.

    Во Минхен, поранешен нацистички бункер е претворен во станови и канцеларии во ексклузивната населба Швабинг, откако приватниот инвеститор Штефан Хеглмаер ја купил зградата пред неколку години.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира