ПОШТАТА ВО СКОПЈЕ МЕЃУ ДЕЛАТА НА ИЗЛОЖБАТА ЗА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО МОМА ЊУЈОРК

    ПОШТАТА ВО СКОПЈЕ МЕЃУ ДЕЛАТА НА ИЗЛОЖБАТА ЗА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО МОМА ЊУЈОРКАрхитектот Јанко Константинов е автор на Телекомуникацискиот центар во Скопје, изграден во периодот 1972-81; - цртеж на главната сала

    Музејот на современата уметност (MоMA) во Њујорк објави дека летово ќе има изложба која ја истражува архитектурата на поранешна Југославија. „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија, 1948-1980“, ќе биде првата голема американска презентација на делата создадени за време на 45-годишното постоење на земјата.

    Споменик на битката кај Сутјеска, изграден 1965-71 во Тјентиште, Босна и Херцеговина, дело на Миодраг Живковиќ

    Со над 400 цртежи, модели, фотографии и филмски снимки од различни општински архиви, MoMA ги претставува извонредните изградени дела на водечките социјалистички архитекти на поранешната земја.
    Архитектурата од овој период се движи од облакодери од интернационален стил до бруталистичките „социјални кондензатори” кои го манифестираат радикалниот плурализам, хибридност и идеализам што преовладуваа во југословенската држава.

    Плоштад на револуцијата (денес Плоштад на Републиката) во Љубљана, Словенија, 1960-74, дело на архитектот Едвард Равникар

    Изложбата во МоМА ќе ги истражи темите на голема урбанизација, технолошко експериментирање, потрошувачка, споменици и меморијализација, како и севкупниот глобален дострел на југословенската архитектура.

    Зграда Б9, блок 21 во Нов Белград, 1959-65, дело на Михајло Чанак, Леонид Ленарчиќ, Мирослав Митиќ и Иван Петровиќ

    Делата на важни архитекти како што се Богдан Богдановиќ, Јурај Нејдхардт, Светлана Кана Радевиќ, Едвард Равникар, Вјенчеслав Рихтер и Милица Штериќ ќе бидат изложени со нагласување на единствениот спектар на форми произведени во овој временски период.

    Стојан Максимовиќ, Сава центар, 1979, Белград, Србија, поглед на конференциската сала

    Изложбата ќе се отвори на 15 јули, а ќе трае до 13 јануари, 2019.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари