РУСИЈА И ХОЛАНДИЈА СЕ СКАРАА ЗА КРИМСКОТО ЗЛАТО

    РУСИЈА И ХОЛАНДИЈА СЕ СКАРАА ЗА КРИМСКОТО ЗЛАТООгромната колекција која музеите од Крим ја позајмија на Музејот „Алард Пирсон“ во Амстердам содржи спирална златна нараквица од вториот пред н.е и златен шлем од четвртиот век пр.н.е. (Фото: АП)

    Русија се закани дека ќе ги прекине музејските размени со Холандија , ако ја потврди одлуката да ѝ даде на Украина антички златни артефакти, чија што судбина беше неизвесна откако Русија го анектираше Крим.

    Министерот за култура на Русија, Владимир Медински, за државната новинска агенција РИА изјави дека одлуката на судот од 2016 година за предавање на повеќе од 2.000 артефакти на Крим во Киев е „апсолутно политизирана” и „го уништува системот за размена на експонати”. Русија ја обжали пресудата.

    „Ова може да се спореди само со ограбувањето на музеите за време на италијанските кампањи на Наполеон или фашистичката агресија од Втората светска војна“, рече Медински.

    „Ако оваа пресуда стапи на сила, нема да имам право да санкционирам експонати на територијата на една земја каде што се создава најопасниот преседан за искористување на културните богатства”, додаде тој.

    Четири музеи од Крим во февруари 2014 позајмија 2.111 непроценливи културни артефакти создадени од Скитите, на музејот „Алард Пирсон“ во Амстердам .

    Но, иднината на овие артефакти за изложбата „Крим – злато и мистерии на Црното Море” беше доведена во прашање кога Русија го презеде полуостровот во наредните недели.

    Огромната колекција вклучува златен шлем од четвртиот век п.н.е., изгравирана со воини, спирална златна нараквица со птици и други животни, кинеска кутија за лак од првиот век и статуа морска божица.

    Иако вредноста на осигурувањето на колекцијата изнесувала 2 милиони долари, властите во Крим изјавиле дека неколку од артефактите биле сосема уникатни и би донеле екстремно повисока цена на отворениот пазар.

    Судот во Амстердам во декември 2016 година пресуди дека само суверени држави можат да бараат предмети како културно наследство и затоа артефактите треба да бидат доставени до Украина, каде што нивната иднина може да биде одлучена од судот во Киев.

    Украинските власти ја поздравија одлуката, но музеите во Крим наскоро поднесоа жалба. Се очекуваше нови сослушувања да започнат оваа есен. Руското Министерство за култура потроши стотици илјади фунти за правници .

    Во септември, Британскиот музеј отвори изложба на слични артефакти од Музејот во Санкт Петербург насловена „Скити: Воини од Антички Сибир“ , која трае до јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира