СЕМЕЈСТВО ОД СИНГАПУР СО ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ИСКАЧИ НА ГОЛЕМОТО ЕЗЕРО НА ПЕЛИСТЕР

    СЕМЕЈСТВО ОД СИНГАПУР СО ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ИСКАЧИ НА ГОЛЕМОТО ЕЗЕРО НА ПЕЛИСТЕРМладата брачна двојка дојде со петгодишниот син кој пеш успеа заедно со родителите да се искачи до Езерото. (Фото: СДК.МК)

    Големото Езеро на Пелистер привлекува туристи од повеќе земји кои често доаѓаат на своја режија откако за езерото читале на интернет.  Деновиве на оваа атрактивна локација се искачи и семејството Лишен од Сингапур.

    Младата брачна двојка дојде со петгодишниот син, кој пеш успеа заедно со родителите да се искачи до Езерото. Тие тргнаа како и други планинари и рекративци од Ниже Поле на надморска височина од 1.170 метри, а стасаа до Езерото на 2.218 мeетри надморска височина за четири и пол часа.

    „Претходно бевме на највисоката планина на Балканот, Рила. Истражувавме на интернет која друга планина е специфична по својата убавина и треба да се посети. Откривме дека тоа е Пелистер. Локацијата ја најдовме преку гугл мапс. Допатувавме тука, имавме малку проблем за да го најадеме местото од каде треба да започне искачувањето, но на крај се снајдовме и уживавме во прекрасните пејсажи и убавото време“, рекоа Лишен.

    Оваа патека преку Дебел Рид е класифицирана во средно тешки. Долга е 6 километри со денивелација од 1.048 метри. Ова е визуелно атрактивна патека која проаѓа наспроти Црвени Стени и има убава глетка кон таа страна на карпестите падини на Пелистер, како и неколку врвови на Баба кон Битола и Пелагониската Котлина.

    Многумина битолчани кои не можат пеш да се искачат до Големото Езеро, одат со џипови.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира