ШТИПСКОТО МЕЧЕ ТЕДИ УЖИВА ШЕТАЈЌИ НИЗ БУГАРИЈА, ПОЧНА ДА СЕ ЛЕКУВА ОД АНКСИОЗНОСТ

    ШТИПСКОТО МЕЧЕ ТЕДИ УЖИВА ШЕТАЈЌИ НИЗ БУГАРИЈА, ПОЧНА ДА СЕ ЛЕКУВА ОД АНКСИОЗНОСТПосле неколку денови во карантин, мечето е пуштено во паркот. (Фото: Фејсбук)

    Мечето Теди кое три и пол години живееше во кафез од два метрa во штипскиот Зоо парк, денеска почна да шета низ резерватот во Белица, Бугарија, објавија активисти за заштита на животно. Теди пред една недела замина од Штип за Бугарија за да се лекува бидејќи беше анксиозен, и од тесниот кафез имаше повреди на шепите и добиваше тикови.

    „Теди денеска е пуштен надвор во новиот дом во паркот во Белица. После неколку денови во карантин, мечето конечно ужива, нема веќе решетки, нема веќе мокар бетон“, вели портпаролката на скопската Зоолошка градина и активистката за заштита на животните Тина Мицковска, која алармираше за состојбата на мечето и ја почна постапката за негово лекување во странство.

    Мицковска пред една година озна за лошите услови во кои живее Теди и во соработка со светската организација за заштита на животните „Четири шепи“‘ и фондацијата „Брижит Бардо“ успеа да го пресели мечето во Бугарија.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира