„СКАНДАЛОЗНАТА“ ПРВА БОЖИЌНА КАРТИЧКА СТАРА 177 ГОДИНИ СЕ ПРОДАВА НА АУКЦИЈА, ПРОЦЕНЕТА Е НА 10 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ

    „СКАНДАЛОЗНАТА“ ПРВА БОЖИЌНА КАРТИЧКА СТАРА 177 ГОДИНИ СЕ ПРОДАВА НА АУКЦИЈА, ПРОЦЕНЕТА Е НА 10 ИЛЈАДИ ДОЛАРИПуританците во Англија во 1843 година биле прилично вознемирени затоа што на оваа 'скандалозна' картичка има деца кои наздравуваат заедно со возрасните, а едно дете дури и пие голтка од чашата на возрасна жена. (Фото: АП)

    Се прoдава првата отпечатена божиќна картичка за комерцијална употреба, стара 177 години. На неа е прикажана весела сцена со англиско семејство од Викторијанското доба, која била оценета како скандалозна кога се појавила во Англија во 1843 година. Семејството му наздравува на примачот на картичката со чаши со црвено вино. „Среќен Божиќ и Среќна Нова година“ стои на картичката.

    „Пуританците биле прилично вознемирени затоа што на оваа ‘скандалозна’ слика има деца кои наздравуваат заедно со возрасните, а едно дете дури и пие голтка од чашата на возрасна жена. Имале кампања да ја цензуирираат и поминаа дури три години пред да излезе друга божиќна картичка“, вели Џастин Шилер, дилер и сопственик на антикварницата во Њујорк која ја продава картичката.

    Биле отпечатени само 1.000 примероци, кои се продавале за 1 шилинг. Експертите сметаат дека преживеале помалку од триесет.

    Картичката ја дизајнирал сликарот и илустратор Џон Калкот Хорсли, по идеја на сер Хенри Кол, британски државен службеник и иноватор кој го основал лондонскиот музеј „Викторија и Алберт“. Кол е заслужен за започнувањето на традицијата за испраќање празнични картички, индустрија која денес вреди милијарди долари.

    Аукциската куќа „Кристис“ во Лондон исто така продава една од ретките примероци на картичката, и очекува да се продаде од 6.725 до 10.800 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира