СНОУДЕН НЕМА ПРАВО НА ЗАРАБОТКА ОД НЕГОВИТЕ МЕМОАРИ

    СНОУДЕН НЕМА ПРАВО НА ЗАРАБОТКА ОД НЕГОВИТЕ МЕМОАРИСноуден е поранешен вработен во Националната безбедносна агенција на САД (НСА), а во книгата ја опишува неговата криза на совеста што довело до тоа да ги открие информациите. (Фото: Гети)

    Едвард Сноуден нема право на парите од продажбата на неговите мемоари „Перманент рекорд“ (Permanent Record)  и сите пари мора да одат во Владата на САД, пресуди американски судија.

    Сноуден во САД веќе се товари за издавање тајни документи на специјалните служби и му се закануваат до 30 години затвор. Тој е поранешен вработен во Националната безбедносна агенција на САД (НСА), а во книгата ја опишува неговата криза на совеста што довело до тоа да ги открие информациите.

    Откако излегоа мемоарите во септември, Владата поднесе граѓанска тужба во која тврди дека „книгата е во спротивност со договорите за необјавување на податоци кои тој ги потпишал со ЦИА и НСА“, и дека „објавувањето на книгата пред претходна рецензија било во спротивност со неговите обврски“,

    Неговите адвокати кажаа дека ако авторот верувал дека Владата ќе ја разгледа неговата книга „со добра волја, тој ќе им ја дадел претходно да ја прочитаат“.

    По одлуката на окружниот судија Лијам О’Грејди, Сноуден на Твитер напиша: „Владата може да украде долар, но не може да ја избрише идејата која ја заработив. Ја напишав оваа книга за вас, и се надевам дека немилосрдниот очај на Владата да го сопре ова издание, уште повеќе ќе ве инспирира да ја прочитате, и потоа да ја подарите на некој друг“.

    Сноуден им препорачува на читателите да не донираат пари за него, туку да донираат пару за семејставата кои му помогнале да се скрие во Хонг Конг во 2013.

    Триесет и шестгодишниот Сноуден денес живее во Русија, каде доби азил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира