СО ЦВЕТНИ ПАВИЛЈОНИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ИТАЛИЈА ЌЕ СЕ ВРАЌА ВО ЖИВОТ

    СО ЦВЕТНИ ПАВИЛЈОНИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ИТАЛИЈА ЌЕ СЕ ВРАЌА ВО ЖИВОТАрхитектот Стефани Боери дизајнираше 1.500 павилјони со мотив на цвет од јаглика, каде што ќе се даваат вакцините против ковид-19. (Фото: Компјутерска анимација)

    За да го крене расположението додека Италијанците ја чекаат вакцината, владата му се обрати на урбаниот планер и архитект Стефано Боери. Најпознат по таканаречените вертикални шуми што извираат од облакодерите во Милано, Боери се обиде да ѝ помогне на својата земја со архитектонска цветна моќ – дизајнираше 1.500 павилјони со мотив на цвет од јаглика, каде што ќе се дистрибуираат вакцините против ковид-19.

    „Јагликата е првото цвеќе после зимата, тоа и секое дете го знае“, вели Боери кој сакал со дизајнот да прати „силна порака што секој ќе ја разбере“.

    „Јагликата е симболот на вакцинацијата. Секаде каде што ќе се вакцинирате, ќе има јаглика“, вели Боери. (Фото: Компјутерска анимација)

    Завчера, здравствените работници ги примаа првите вакцини пред постерите со официјалниот владин слоган за програмата, „Со цвеќе, Италија се враќа во живот“. Имаше и такви на кои тоа не им се допаѓа, но Боери го одбива цинизмот.

    „Цвеќињата се сериозни. Едно е да се вакцинираш во контејнер или во воена полска болница, а друго е да одиш во светол простор во форма на цвеќе“, вели тој.

    Проектот почна пред еден месец, кога на Боери му се јави Доменико Аркури, специјален комесар за вонредната состојба со коронавирусот. Тој му кажал дека иако болниците и празните фискултурни сали ќе бидат главните места за вакцинација, исто така ќе има потреба и од надворешни, привремени павилјони. Програмата за вакцинирање најмалку 40 милиони Италијанци за да се постигне колективен имунитет ќе трае барем година и пол.

    Урбаниот планер и архитект Стефано Боери е најпознат по таканаречените вертикални шуми што извираат од облакодерите во Милано. (Фото: Њујорк тајмс)

    Боери вели дека со својот тим работеле 2 недели и барале слика која би била универзално разбрана како позитивна „од 4-годишник, од интелектуалец на северот или од млад мигрант“.

    „Сметаме дека пораката треба да биде току директна, што дури и павилјоните треба да личат на цвеќиња“, вели тој. „Јагликата е симболот на вакцинацијата. Секаде каде што ќе се вакцинирате, ќе има јаглика“, вели Боери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира