СТАРАТА ГАРДА ВО БАКИНГАМСКАТА ПАЛАТА САКАЛА ДА ЈА УНИШТИ ПОПУЛАРНОСТА НА ХАРИ И МЕГАН, СЕ ВЕЛИ ВО НОВА КНИГА

    СТАРАТА ГАРДА ВО БАКИНГАМСКАТА ПАЛАТА САКАЛА ДА ЈА УНИШТИ ПОПУЛАРНОСТА НА ХАРИ И МЕГАН, СЕ ВЕЛИ ВО НОВА КНИГАХари и Меган сега живеат во Лос Анџелес откако во март се повлекоа од сите кралски задолженија (Фото: Ројтерс)

    Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се оградија од новата книга за нивното време во британското кралско семејство, тврдејќи дека не биле интервјуирани и немале никаков придонес во нејзиното пишување.

    Во книгата насловена „Пронаоѓање слобода“, која треба да излезе во август, се тврди дека Хари и Меган речиси и да не зборуваат со Вилијам и Кејт од март и дека на некои членови на кралското семејство им пречела нивната популарност.

    „Војводата и војвотката од Сасекс не учествувале во пишувањето на книгата. Таа е базирана врз личните искуства на авторите како членови на кралската прес служба и врз нивното независно известување“, изјави портпаролот на двојката.

    Книгата напишана од новинарите Керолин Дуранд и Омид Скоби се очекува да открие детали за разочарувањето на Хари и Меган од кралските институции, од кои не ја добиле потребната поддршка. Весникот „Тајмс“ објави извадоци од книгата кои сугерираат дека имало конфликти помеѓу членови на кралското семејство, при што Хари верувал дека некои роднини не ја сакаат Меган.

    „Во Бакингамската палата имало луѓе на кои тие не можеле да им веруваат. Еден нивни пријател ја опиша старата гарда во палатата како змии“, пишуваат авторите.

    Книгата ги претставува Хари и Меган како сила која имала способност да ја модернизира монархијата, но некои сакале да ја уништат нивната популарност.

    Хари и Меган сега живеат во Лос Анџелес откако во март се повлекоа од сите кралски задолженија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира