СВЕТОТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈТИВКАТА НОВОГОДИШНА НОЌ – ФОТОГАЛЕРИЈА

    СВЕТОТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈТИВКАТА НОВОГОДИШНА НОЌ – ФОТОГАЛЕРИЈАМакедонските властит апелираат да се седи дома и да се празнува одговорно.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Милиони луѓе низ целиот свет се подготвуваат за дочек на Нова година каков што немало досега, со карантини, рестрикции и полициски часови, како мерка на земјите да го спречат ширењето на ковид-19 пред да се почувствуваат ефектите од вакцинацијата.

    Сиднеј ги замоли своите жители од дома да го гледаат традиционалниот огномет. (Фото: ААП)

    Помина една година откако Светската здравствена организација (СЗО) за првпат проговори за мистериозна пневномија во Кина, која подоцна беше именувана како ковид-19. Вирусот уби над 1.79 милиони луѓе во светот и ја уништи светската економија.

    Рестрикции има во цел свет (Фото: Шатерсток)

    Но, со меѓународни сили, научниците успеаја да развијат вакцини во рекордоно време, и веќе во светот се дозволи вакцинација со вакцината на „Фајзер-Бионтек“, „Модерна“ и на Оксфорд и „АстраЗенека“.

     

    На Тајмс сквер се продаваат украси, но прославата ќе биде онлајн. (Фото: Шатерсток)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира