ТАРАНТИНО СЕ ВРАТИ ВО КАН СО ЉУБОВНО ПИСМО КОН ХОЛИВУД

    ТАРАНТИНО СЕ ВРАТИ ВО КАН СО ЉУБОВНО ПИСМО КОН ХОЛИВУДЛеонардо ДиКаприо, Марго Роби, Квентин Тарантино и Бред Пит на Канскиот филмски фестивал (Фото: АП)

    Леонардо ДиКаприо вели дека со Бред Пит направиле „филмско поврзување“ со снимањето на филмот на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“.

    Двете филмски ѕвезди, заедно со Марго Роби и Тарантино денес имаа прес-конференција во Кан, по синоќешната премиера на филмот, која помина со шестминутни овации. Ова е прв филм во кој Пит и ДиКаприо глумат заедно, иако играа во краток филм на Мартин Скорсезе во 2015.

    Пит изјави дека се надева оти повторно ќе работат заедно.

    ДиКаприо глуми актер во вестерн филмови, нервозен што неговата слава опаѓа, а Пит го игра неговиот дублер, пријател и возач. Иако сместен во позадината на убиствата на кланот на Менсон, целта на Тарантино е да го долови сјајот на Холивуд од минатото. Австралиската актерка Роби ја игра Шерон Тејт.

    Тарантино кој во Кан се враќа 25 години по премиерата на „Евтини приказни“, за кој доби Златна палма, пред премиерата ги замоли медиумите да не откриваат детали од сценариото. Филмските критичари го оценија филмот како „ода на Тарантино кон филмот“ и „љубовно писмо на Тарантино кон Холивуд“,

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира