115 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.825 ТЕСТИРАЊА, ПОЧИНАА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ

    115 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.825 ТЕСТИРАЊА, ПОЧИНАА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти, со што вкупно хоспитализирани се 78. (Фото: К. Попов)

    Нови 115 позитивни на ковид-19 се регистрирани во изминативе 24 часа од направени 1.825 тестирања. Починати се тројца пациенти, двајца од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години, сите во болнички услови.

    Од новите случаи, во Скопје има 32, Штип 14, Гостивар 11, Тетово 10, Куманово 7, Берово 8, Дебар 8, Прилеп 2, Велес 2, Охрид 3, Гевгелија 3, Крива Паланка 3, Кочани 1, Пробиштип 1, Делчево 3, Свети Николе 4 и Кичево 3.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од: Скопје-146, Куманово-15, Штип-5, Прилеп-2, Тетово-10, Струга-1, Битола-10, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-10, Струмица-6, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Валандово-1, Виница-1, Кичево-5 и Неготино-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 13.308, од кои оздравени се 9.977,  починати 557, а во моментов активни се 2.774.

    Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 5.588, активни 833
    • Куманово 1.331, активни 294
    • Дебар 236, активни 76
    • Штип 1092, активни 252
    • Прилеп 384, активни 51
    • Тетово 1.171, активни 160
    • Струга 530, активни 136
    • Велес 251, активни 29
    • Битола 187, активни 52
    • Охрид 321, активни 64
    • Кавадарци 164, активни 95
    • Гостивар 700, активни 298
    • Гевгелија 34, активни 16 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 8 на Богданци)
    • Струмица 55, активни 20
    • Крива Паланка 35, активни 10
    • Радовиш 38, активни 9
    • Крушево 16, активни 1
    • Кочани 130, активни 29
    • Пробиштип 73, активни 18
    • Демир Хисар 60, активни 30
    • Македонски Брод 65, активни 36
    • Пехчево 8, активни 2
    • Берово 26, активни 17
    • Валандово 7, активни 0
    • Виница 61, активни 41
    • Делчево 23, активни 18 (6 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 16, активни 2
    • Свети Николе 269, активни 60
    • Кичево 254, активни 113
    • Ресен 146, активни 1
    • Неготино 37, активни 11 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира