ДО 13 ЧАСОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ГЛАСАЛЕ 16 %

    ДО 13 ЧАСОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ГЛАСАЛЕ 16 %Најголема излезност има во Куманово, Прилеп и Гевгелија каде до 13 часот гласале над 19 отсто, а најмала во Босилево со излезност од 6,9 проценти (Фото: К. Попов)

    До 13 часот од 90,24 отсто обработени податоци на референдумот за името гласале 16 проценти од избирачите, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

    Од вкупниот број на запишани граѓани во избирачкиот список гласале 261.473 граѓани. Како што рекоа на прес-конференцијата од ДИК, распонот на излезеност до 13 часот на избирачките места се движи од 7,22 до 19,15 проценти. Најголема излезност има во Куманово, Прилеп и Гевгелија каде до 13 часот гласале над 19 отсто, а најмала во Босилево со излезност од 6,9 проценти.

    Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски рече дека досега нема посериозни нарушувања на избирачкиот процес, со мали исклучоци кои се санирани навреме со интервенција од членовите на  општинските изборни комисии или полицијата.

    Гласачките места се затвараат во 19 часот.

    Граѓаните од земјава денеска на референдумот ќе одговорат на референдумското прашање „Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција“. Со овој Договор, потпишан на 17 јуни во грчкиот дел на Преспа, во селото Псарадес (Нивици), името на земјава ќе биде Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира