14 ЗАГИНАТИ И 12 ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКИОТ КОВИД-ЦЕНТАР

    14 ЗАГИНАТИ И 12 ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКИОТ КОВИД-ЦЕНТАРНема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди, велат од Министерството за здравство. (Фото: К. Попов)

    Вкупно 14 лица загинаа, а 12 се на лекување во Тетовската болница и се надвор од животна опасност, во вчерашниот пожар во модуларниот Ковид-центар во Тетово, соопшти Министерството за здравство. Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди, велат од Министерството.

    Како што утрово соопшти Јавното обвинителство, обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. До утрово, обвинителите сослушаа вработени во модуларната болница за да се утврдат причините за пожарот, а издадена е и наредба за обезбедување на снимките од видеонадзорот во и околу објектот. Увидот ќе продолжи и во текот на денешниот ден.

    Пожарот во кој изгоре модуларната болница избувна вчеравечер во 21 часот и многу брзо се рашири. Изгасен беше околу 21.45 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира