17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД ДЕМИР ХИСАР ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД ДЕМИР ХИСАР ПОЧИНА ОД КОВИД-19Пциентката се лекувала во тешка состојба од 19 октомври на Инфективната клиника во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Седумнаестгодишна девојка од село Сопотница, Демир Хисар утрово почина од ковид-19 на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти Министерството за здравство. Младата пациентка имала хронично заболување јувенилен дијабетес тип 1 и не била вакцинирана. Според извори на САКАМДАКАЖАМ.МК, таа била ученичка во Средното медицинско училиште во Битола.

    Тегобите кај пациентката биле 9 дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје. Според лекарските извештаи, на 18 октомври за првпат побарала лекарски преглед во Клиничката болница во  Битола. Пациентката била донесена во болница со ниска сатурација, температура од 40 степени, отежнато дишење и болки во телото и мускулите.

    „Овие симптоми пациентката ги имала неколку дена пред да побара лекарска помош во болницата во Битола. Лекар ја прегледал во пнеумофизиологија – амбуланта за суспектни пациенти со ковид, тестирана е за ковид-19 и истот ден е добиен резултат – ковид позитивна. Поради сериозност на состојбата задржана е во болница и поставена на перманентна кислородна поддршка. За пациентката, поради тежината на состојбата, возраста и коморбидитетите, веднаш е организиран транспорт за Скопје. На 19 октомври пациентката со возило на Итна помош е донесена на Клиниката во многу тешка состојба. За време на транспортот е на постојана кислородна поддршка под надзор на медицински тим во возилото. Пациентката е примена во единица за интензивна нега на Инфективната клиника и почнат е интензивен третмантпо протокол за лекување пациент со тешка ковид-19 инфекција. Во тек на престојот следи прогресивно влошување на состојбата со влошување на лабораториските, биохемиски анализи, рентгенграфски наод и клиничка слика. Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот ден драматично се влошиле виталните параметри на пациентката, што довело до срцево белодробно попуштање. И покрај сите превземени дијагностички, тераписки и реанимациони мерки пациентката денеска во раните утрински часови почина“, стои во извештајот од Министерството.

    Од ковид-19 досега во земјава починаа 7.087 лица.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира