ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ ГЛАСАЈТЕ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА И ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, ПОРАЧА ХОЛАНДСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ ГЛАСАЈТЕ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА И ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, ПОРАЧА ХОЛАНДСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    Ако македонските гласачи сакаат да се доближат до Европа, ќе мораат да се заложат против корупцијата, а за отчетност и владеење на правото, и за слободни медиуми, независно судство и демократија, изјави денеска министерот за надворешни работи на Кралството Холандија Берт Кундерс, во видеопорака испратена преку холандската амбасада во Македонија.

    „Јас сум Берт Кундерс, министер за надворешни работи на Холандија. Холандија е долгорочен пријател на македонската демократија. За неколку дена Македонија се соочува со историски крстопат. Како министер за надворешни работи на Холандија, не можам да застанам на страната на некоја политичка опција. Меѓутоа, моја должност е да ги застапувам европските вредности. Доколку македонските гласачи сакаат да се доближат до Европа, ќе мораат да се заложат за отчетност и владеење на правото. Треба да се заложат против корупцијата и за слободни медиуми, независно судство и демократија“, вели Кундерс и додава:

    „На вас е, како наши пријатели, граѓани и како гласачи од Македонија, да ја побарате слободата и реформите кои се неопходни за приближување на вашата земја кон Европа, кон стабилност и посилна демократија. Излезете на гласачките места на 11 декември и донесете одлука за иднината на вашата земја,“ вели министерот Кундерс во пораката до македонската јавност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира