Од 275 направени тестирање изминативе 24 часа се регистрирани нови 20 случаи со КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство. Од новодијагностицираните пациенти 12 се од Скопје, 3 од Прилеп, 2 од Тетово и по еден случај има во Куманово, Битола и Гостивар.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 1.642, од кои оздравени 1.136, починати 91, а во моментов активни 415.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти и тоа Скопје 11, Куманово 10, Велес 2 и Тетово 1.
Направените 275 теста се преку: ИЈЗ –185, Ветеринарен фaкултет- 15, Авицена –0, Биотек-32, Филип Втори (Жан Митрев)–2, Систина со PCR метода -24 и МАНУ -17.
„Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација 3 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се 4 пациенти. Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на КОВИД-19, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 19.096 тестирања на КОВИД-19.
А. АНТЕВСКА