22 ПОЧИНАТИ КОВИД-19 ОД 35 ДО 88 ГОДИНИ, НОВИ 561 ПОЗИТИВЕН ОД 1.901 ТЕСТ

    22 ПОЧИНАТИ КОВИД-19 ОД 35 ДО 88 ГОДИНИ, НОВИ 561 ПОЗИТИВЕН ОД 1.901 ТЕСТНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти, а во „8 Септември“ има 6 приеми;- Возило на Брза помош низ Скопје. (Фото: К. Попов)

    Дваесет и двајца пациенти починаа во последните 24 часа по комликации од ковид-19, највисока дневна бројка на починати од почетокот на епидемијата. Во земјава вкупно досега починаа 919.

    Министерството за здравство соопшти дека починати се: 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64), еден од Куманово (57), двајца пациенти од Дебар (58 и 64), еден од Прилеп (61), еден од Струга (75), двајца пациенти од Велес (61 и 64 ), двајца од Битола (74 и 70), двајца од Гостивар (79 и 76), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88), еден од Кочани (60) и еден пациент од Делчево (81). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

    Од 1.901 тестирања, регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 137 пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На Инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од: Скопје-91, Куманово-7, Штип-8, Прилеп-18, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-3, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-16, Радовиш-2, Кочани-9, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Свети Николе-4, Кичево-4.

    Вкупнo ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 26.954, оздравеа 18.627, а активни случаи се 7.408. Денеска се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 11.473, активни 3562

    • Куманово 2.124, активни 331

    • Дебар 321, активни 57

    • Штип 1.548, активни 201

    • Прилеп 1.087, активни 316

    • Тетово 1.923, активни 408

    • Струга 774, активни 78

    • Велес 508, активни 151

    • Битола 542, активни 182

    • Охрид 604, активни 167

    • Кавадарци 429, активни 176

    • Гостивар 1.105, активни 144

    • Гевгелија 332, активни 180 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 736, активни 434

    • Крива Паланка 204, активни 75

    • Радовиш 201, активни 74

    • Крушево 22, активни 2

    • Кочани 644, активни 212

    • Пробиштип 159, активни 29

    • Демир Хисар 72, активни 10

    • Македонски Брод 100, активни 4

    • Пехчево 57, активни 9

    • Берово 193, активни 57

    • Валандово 92, активни 40

    • Виница 163, активни 59

    • Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 37, активни 11

    • Свети Николе 452, активни 70

    • Кичево 481, активни 124

    • Ресен 224, активни 55

    • Неготино 120, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.901 теста се преку: ИЈЗ-528, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-511, Биотек-229, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -93, Систина со ПЦР метода -139 , лабораторија Лаор –121, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-88, Инфективна клиника-2, ГАК-11, Синлаб-32, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 235.038 тестирања на Ковид -19.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 166

    • Гази Баба – 450

    • Аеродром – 699

    • Карпош – 547

    • Центар – 519

    • Кисела Вода – 417

    • Ѓорче Петров – 286

    • Бутел – 152

    • Шуто Оризари – 26

    • Студеничани – 7

    • Сарај – 24

    • Арачиново – 10

    • Илинден – 63

    • Сопиште – 30

    • Чучер Сандево – 14

    • Петровец –21

    • Зелениково – 9

    • Странец – 22

    • Нераспределен- 100

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира