28-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПРИМЕНА В БОЛНИЦА СО ТРОМБОТИЧНА РЕАКЦИЈА ПОСЛЕ ПРИМЕНА ВАКЦИНА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ВО СРБИЈА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    28-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПРИМЕНА В БОЛНИЦА СО ТРОМБОТИЧНА РЕАКЦИЈА ПОСЛЕ ПРИМЕНА ВАКЦИНА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ВО СРБИЈА, КАЖА ФИЛИПЧЕМасовната имунизација во земјава почна денес со „АстраЗенека“ за лица над 77 години. (Фото: К. Попов)

    Дваесет и осум годишна девојка се лекува во болница поради тромботична реакција после примена вакцина против ковид-19 во Србија, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Девојката ја примила вакцината на „АстраЗенека“ и реакцијата се јавила после 6-7 дена од вакцинирањето.

    Денеска во земјава почнува масовната вакцинација со оваа вакацина, за лица над 77 години во 12 градови во земјава.

    „Следејќи ги примерите на  Канада и Германија, и ние ќе бидеме претпазливи со оваа вакцина, и одлучивме да не ја даваме на лица под 60 години. Ќе чекаме дефинтивна потврда од Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе одиме полека. Денеска ќе имаме состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови. Иако се ретки овие тромботични реакции, мораме да бидеме многу претпазливи“, кажа Филипче.

    Филипче кажа дека над 20.000 дози се веќе поделени по здравствените домови, а за вакцинација се пријавени нешто под 20.000 граѓани, и дека процесот почнал без проблеми. Тој кажа дека во првите неколку часа од почетокот на вакцинацијата денеска, околу 20% од пријавените на одредени пунктови не се јавиле на терминот, а дека нема ниту еден случај со несакана реакција досега од вакцинираните.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира