33-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД ОХРИД МЕЃУ 12 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 449 БОЛНИ

    33-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД ОХРИД МЕЃУ 12 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 449 БОЛНИВкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 е 211.831.(Фото: СДК.МК)

    Денес се регистрирани нови 449 случаи на ковид-19 со што вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 211.831. Оздравени се 317 пациенти.

    Починати се 12 лица од кои едно од 16 ноевмри. Починатите се на возраст од 33 до 89 години. 33-годишното починато лице од Охрид, било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба. Четири од починати лица се од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), две од Прилеп (65г и 82г), и по едно од Тетово (74г), Битола (72г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

    Новите 449 случаи се од направени 3.859 тестирања во : Скопје – 195, Битола – 47, Прилеп – 19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.

    Направени се 3.859 тестови се преку: ИЈЗ-267, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-88, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово–43, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–154,Жан Митрев (Филип Втори)-71, Авицена-165, Биотек-262, Систина-68, лабораторија Лаор-181, Синлаб-23, Ремедика-12, Плодност–80, Генеа-9, Никоб лаб-274, ВФВ Медикал-63, Ели Медика-61, Ројал Медика–31, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб – 5, Жан Митрев Струмица – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.842.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831,бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира