44 СКОПЈАНИ КАЗНЕТИ СО ПО 20 ЕВРА ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА, ВО ДРУГИТЕ ГРАДОВИ ПОЛИЦИЈАТА САМО ГИ ОПОМЕНУВАЛА ГРАЃАНИТЕ

    44 СКОПЈАНИ КАЗНЕТИ СО ПО 20 ЕВРА ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА, ВО ДРУГИТЕ ГРАДОВИ ПОЛИЦИЈАТА САМО ГИ ОПОМЕНУВАЛА ГРАЃАНИТЕИзминативе 10 дена никој пак не е казнет за групирање.(Фото: К.Попов)

    Од 1 мај до сега само 44 скопјани се казнети заради неносење маска или марама. Во другите градови нема казнети, туку полицијата само ги опоменувала граѓаните.

    Според одговорот кој го добивме од Министерството за внатрешни работи од 1 до 11 мај регистрирани се 590 прекршоци за неносење на лична заштита на лицето. Од нив казнети се само 44 лица, а останатите 546 поминале само со писмена опомена. Изминативе 10 дена никој не е казнет за групирање.

    Најмногу прекршоци за неносење маска се направени во Охрид 212, во Тетово 177, во Куманово 95, Штип 49, Скопје 44 и најмалку во Велес 13.

    Најмногу прекршоци за неносење маска се направени во Охрид 212, во Тетово 177, во Куманово 95, Штип 49, Скопје 44 и најмалку во Велес 13.

    Од кабинетот на министерот Наќе Чулев велат дека во изминатиот период во повеќето случаи се делеле само опомени бидејќи се работело на измена на Уредбата на Владата бидејќи имала недоречености.

    „Врз основа на постапувањето на полициските службеници од страна на Министерството за внатрешни работи беше констатирано дека истата уредба има низа недоследности кои создаваат проблем практично да се реализира изречената санкција. Со цел целосна практична примена на уредбата и постапување на полициските службеници по истата, од страна на Министерството за внатрешни работи до Владата веднаш беше побарано измена и дополнување на истата. Измената се однесува во делот на начинот на изрекување на санкцијата, утврдување на платен налог – мандатна казна, како и одредување кој орган ќе биде надлежен да постапува по изречената прекршочна санкција. По прифаќањето на сугестиите, а по носењето на измената и дополнувањето на уредбата од Владата на РСМ, Министерството за внатрешни пристапи кон целосна практична примена на истата“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Според Уредбата за носење на заштитна опрема донесена од Владата на 22 април, 20 евра е казната за неносење заштитна маска за физички лица, а 2.000 евра е казната за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирусот.

    Задолжителното е носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

    Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метра меѓу граѓаните.

    Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метра растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира