59 БОЛНИ ПРИМЕНИ ВО СКОПСКИТЕ КОВИД-ЦЕНТРИ ЗА 24 ЧАСА, ИМА УШТЕ 45 МЕСТА, А ВО ЗЕМЈАВА ВКУПНО УШТЕ 300

    59 БОЛНИ ПРИМЕНИ ВО СКОПСКИТЕ КОВИД-ЦЕНТРИ ЗА 24 ЧАСА, ИМА УШТЕ 45 МЕСТА, А ВО ЗЕМЈАВА ВКУПНО УШТЕ 300Во Ковид-центрите во Скопје вкупно лежат 578 лица. (Фото: СДК.МК)

    Педесет и девет нови пациенти се примени во Ковид-центрите во Скопје во изминатото деноноќие. До утрово до 8 часот имало 45 слободни места, а во Скопје вкупно лежат 578 лица. Според Министерството за здравство, во болниците во земјава се лекуваат 751 пациент. На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 1.329 и има околу 300 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.

    Во Ковид-центарот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ имало 9 примени пациенти и 1 бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти.
    Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.

    Во моментов во Ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 262 пациенти.

    Во „8 Септември“ има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на ковид-19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 104 пациенти. Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 119, во Гостивар 35, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 45 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 10, Кавадарци 72, а во Гевгелија 20 лица.

    „Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, додаваат од Министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира