7 ПОЧИНАТИ, СО НОВОЗАБОЛЕНИТЕ 138 ОД 1.621 ТЕСТ ВО ЗЕМЈАВА ИМА 3.700 АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

    7 ПОЧИНАТИ, СО НОВОЗАБОЛЕНИТЕ 138 ОД 1.621 ТЕСТ ВО ЗЕМЈАВА ИМА 3.700 АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, а во „8 Септември“ примени се 6; - Возило на Брза помош пред Инфективна. (Фото: К. Попов)

    Од компликации од коронавирус во последните 24 часа починаа 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53), пациентка од Кичево (41), пациент од Битола (27), пациент од Дебар (78) и пациент од Штип (64). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички, соопшти Министерството за здравство, без да наведе за кои болници станува збор.

    „Починатиот пациент e 27-годишно момче, хоспитализиран е на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули. Пациентот како дете бил лекуван од малигна болест на крвта, во ремисија десетина години. Станува збор за акутна миелоидна леукемија, болест која и после долгогодишна ремисија остава тешки имунолошки оштетувања кои се причина за ваква тешка ковид болест“, изјавија претходно од Министерството за момчето од Битола.

    Во последните 24 часа се направени 1.621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-10, Штип-16, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-10, Крива Паланка-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-6, Виница-2, Кратово-1, Кичево-3, Ресен-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 2 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Оздравени се 144 пациенти од: Скопје-105, Штип-9, Прилеп-2, Тетово-4, Велес-1, Битола-5, Гостивар-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Берово-1, Кичево-7, Ресен-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 10.891, оздравени се 6.698, починаа 493, а активни случаи се 3.700. Од вчерашните 1 тест е контролен и се евидентира денес. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 4.856, активни 1.426
    • Куманово 1.066, активни 263
    • Дебар 205, активни 117
    • Штип 836, активни 431
    • Прилеп 333, активни 53
    • Тетово 1045, активни 225
    • Струга 449, активни 195
    • Велес 225, активни 22
    • Битола 142, активни 71
    • Охрид 274, активни 86
    • Кавадарци 61, активни 44
    • Гостивар 450, активни 269
    • Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
    • Струмица 36, активни 20
    • Крива Паланка 25, активни 11
    • Радовиш 29, активни 23
    • Крушево 16, активни 9
    • Кочани 104, активни 24
    • Пробиштип 53, активни 20
    • Демир Хисар 32, активни 26
    • Македонски Брод 26, активни 21
    • Пехчево 6, активни 0
    • Берово 5, активни 1
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 16, активни 12
    • Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 14, активни 8
    • Свети Николе 222, активни 175
    • Кичево 160, активни 97
    • Ресен 147, активни 31
    • Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.621 теста се преку: ИЈЗ-729, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-168, Биотек-146, МАНУ -83, Жан Митрев (Филип Втори)-226, Систина со ПЦР метода -171, Судска медицина -2, ЦЈЗ Битола-53, Инфективна клиника-14, ГАК-5. Досега во земјата се направени вкупно 103.938 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 168
    • Аеродром – 161
    • Бутел – 92
    • Гази Баба – 139
    • Центар – 128
    • Карпош – 128
    • Сарај – 70
    • Кисела Вода – 158
    • Ѓорче Петров – 101
    • Студеничани – 54
    • Шуто Оризари – 113
    • Арачиново – 24
    • Илинден – 23
    • Петровец – 17
    • Чучер Сандево – 10
    • Сопиште – 20
    • Зелениково- 8
    • Странец – 8
    • Нераспределен- 4

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира