8 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СВЕТСКА БАНКА ЗА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНИТЕ

    8 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СВЕТСКА БАНКА ЗА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНИТЕПроектот за подобрување на општинските услуги го спрoведува Министерството за финансии. Тој е поддржан од Светска банка со вкупен фонд од 81,1 милион евра и ИПА грант средства за рурален развој од ЕУ во износ од 14,6 милиони евра. - министерот за финансии Драган Тевдовски

    Министерството за финансии во петокот распиша јавен оглас на кој општините ќе можат да аплицираат за пари во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, кој го спроведува Светска банка. Во оваа транша за нови капитални инвестиции одобрени се 8 милиони евра.

    Од Министерството за финансии велат дека општините ќе може да аплицираат за изградба и реконструкција на систем за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, локална патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари и инфраструктура во индустриски зони.
    Само преку овој проект од јуни лани до јуни годинава реализирани се 72 капитални проекта во 41 општина.

    „Проектот за подобрување на општинските услуги го спрoведува Министерството за финансии. Тој е поддржан од Светска банка со вкупен фонд од 81,1 милион евра и ИПА грант средства за рурален развој од ЕУ во износ од 14,6 милиони евра. Целта на проектот покрај подобрување на општинските услуги е и зајакнување на капацитетите на општинската администрација за имплементирање на проектите“, велат од Министерството за финансии.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира