8 ПОЧИНАТИ, МЕЃУ КОИ И 24-ГОДИШНИК, 199 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.545 ТЕСТОВИ

    8 ПОЧИНАТИ, МЕЃУ КОИ И 24-ГОДИШНИК, 199 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.545 ТЕСТОВИНа Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се тројца пациенти на возраст од 24, 63 и 64 години. - Возило на Брза помош пред Инфективната клиника. (Фото: К. Попов)

    Во изминатите 24 часа починаа 8 лица по компликации од ковид-19, и тоа еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга, велат од Министерството за здравство.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се тројца пациенти на возраст од 24, 63 и 64 години. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ почина пациентка на возраст од 54 години. Во болницата во Тетотво починати се двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години. Во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од 56 години, во болницата во Струга почина пациентка на возраст од 83 години.

    Во последните 24 часа се направени 1.545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-17, Дебар-6, Штип-9, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-12, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-5, Струмица-2, Радовиш-1, Крушево-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Свети Николе-24, Кичево-3, Ресен-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 4 деца со мајки суспектни на вирусот. Во  „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 111 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од: Скопје-94, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 7.975, оздравени се 4.080, починаа 376, а активни се 3.519. Од вчерашните тестирања еден е контролен тест, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 3.803, активни 1.864
    • Куманово 848, активни 181
    • Дебар 143, активни 81
    • Штип 430, активни 165
    • Прилеп 294, активни 61
    • Тетово 856, активни 323
    • Струга 312, активни 156
    • Велес 201, активни 38
    • Битола 70, активни 29
    • Охрид 223, активни 131
    • Кавадарци 25, активни 17
    • Гостивар 216, активни 131
    • Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 22, активни 13
    • Крива Паланка 19, активни 9
    • Радовиш 5, активни 1
    • Крушево 10, активни 5
    • Кочани 76, активни 16
    • Пробиштип 35, активни 23
    • Демир Хисар 6, активни 5
    • Македонски Брод 8, активни 5
    • Пехчево 6, активни 2
    • Берово 4, активни 1
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 4, активни 1
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 5, активни 2
    • Свети Николе 112, активни 105
    • Кичево 68, активни 59
    • Ресен 134, активни 89
    • Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1545 теста се преку: ИЈЗ-641, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-208, Биотек-102, МАНУ -134, Жан Митрев (Филип Втори) -228, Систина со ПЦР метода -181, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-27, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 309
    • Аеродром – 157
    • Бутел – 137
    • Гази Баба – 193
    • Центар – 143
    • Карпош – 143
    • Сарај – 124
    • Кисела Вода – 108
    • Ѓорче Петров – 101
    • Студеничани – 110
    • Шуто Оризари – 82
    • Арачиново – 45
    • Илинден – 28
    • Петровец – 18
    • Чучер Сандево – 11
    • Сопиште – 9
    • Зелениково- 13
    • Странец – 5
    • Нераспределен- 128

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира